Левица: Уставните измени се правна рамка за бугаризација на Македонија

Антимакедонската власт на СДС и ДУИ заедно со нивните западни партнери продолжува да го множи македонскиот народ со нула туркајќи уставни измени за кои против се изјаснуваат над 80% од Македонците. Со закана дека добри односи со НАТО и ЕУ Македонија може да има само со Бугари во Уставот и со манипулации дека таквите измени се „технички“, а не суштински, се релативизира уште едно национално предавство, велат од Левица.

Левица уште еднаш предупредува на далекосежните правни последици од уставните измени, на кои нашиот источен сосед со иредентистички и асимилаторски намери кон Македонија жестоко инсистира.

„Ова е од причина што со внесувањето на ‘самоосвестените’ македонски Бугари во Уставот на Република Македонија, покрај финансирањето на великобугарската пропаганда со народни пари, Бугарија добива и правна рамка за своите понатамошни уцени и барања за законски измени со кои би се спроведувала бугаризација на Македонија.

Македонскиот народ има право да знае дека уставните измени ќе претставуваат правен основ за Бугарија во текот на преговорите за влез во Европската Унија да бара од Македонија: измена во Законот за празниците на Република Македонија, со цел прогласување празник и неработен ден за припадниците на бугарската заедница - 3 март, денот на потпишувањето на Санстефанскиот договор, со кој територијата на Македонија требало да ѝ припадне на Бугарија;

Обезбедување задолжителни пратенички места за припадниците на заедниците, со што бугарски националшовинисти по автоматизам би се стекнале со пратенички имунитет и слобода од собраниска говорница да го негираат македонскиот идентитет и да шират бугарска иредентистичка пропаганда во законодавниот дом на Република Македонија;

Зголемување на квотите за вработување во државните институции за припадниците на заедниците, со што изјавувањето на бугарската етничка припадност би било услов за вработување во државни институции и извршување функции“, додаваат од оваа партија.

Ваквите намери на Бугарија, според Левица, ги обелоденија и бугарските европратеници преку амандмани на нацрт-извештајот на Европската комисија за напредокот на Република Македонија, преку кои бараат Европската Унија да ја потврди потребата не само од уставни измени туку и од законски измени за промоција на бугарската заедница во Македонија.

„Левица останува најголем сојузник на македонскиот народ против ова национално предавство на квислиншкиот СДС и жестоко ќе се спротивстави на уставните измени наложени од Бугарија“, се истакнува во соопштението од оваа партија.

Тагови
реклама

Македонија

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Read more

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Read more

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе