Левичар ќе биде најмладиот претседател на Чиле, откако го победи екстремно десничарскиот ривал

МИА / КАЈГАНА
/ 20.12.2021 / 09:48

Левичарскиот политичар со хрватско потекло, Габриел Борич (35), вчера стана најмладиот претседател на Чиле, победувајќи во докрај неизвесната трка со екстремно десничарскиот кандидат Хосе Антонио Каст на изборите што се кулминација на растот на популарноста на проресивната левица во државата.

Врз основа на 99,5% од преброените гласови, Борич освои 55,87% од гласовите, пред кандидатот на десницата Хосе Антонио Каст, кој освои 44,13%, објави чилеанската изборна комисија.

Борич официјално ќе ја преземе функцијата на 11 март следната година. По прогласената победа тој изјави дека ќе се бори против еколошки штетни проекти, меѓу кои се и експлоатацијата на бакар и злато.

– Со уништување на светот, ние се уништуваме себеси. Не сакаме повеќе проекти кои ја уништуваат нашата земја, нашата заедница, рече тој.

Противникот Каст вчера го призна поразот и му честиташе на идниот претседател.

Таткото на Габриел, Луис Борич, потекнува од хрватски имигрант, додека неговата мајка Мариа Фонт е од каталонско потекло. фактички, Габриел е четврта генерација Хрвати во Чиле.

Пред 10 години Борич беше водат на студентското движење како ултра левичар со барања за бесплатно здравство, школство и разни работнички права.

Тагови
реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Read more
 

Вести

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе