Листата за помилувања вратена во затворските управи

Листата за групните новогодишни помилувања ја прават затворите, ја доставуваат до Министерството за правда, а оттаму списокот со имиња на оние кои бараат порано да излезат од затвор се проследува до Комисијата за помилување во Кабинетот на претседателот на државата. Станува збор за редовна постапка што се спроведува пред Нова година.

Листата со имиња што беше објавена вчера и предизвика серија реакции во јавноста е вратена на разгледување во затворските управи. Надлежните велат дека листата не е конечна и оти на неа нема да се најде ниту едно спорно име.

– Листата за групните новогодишни помилувања според формални критериуми ја прават затворите. Минатата недела таа технички беше проследена до Кабинетот на претседателот на разгледување. Таа листа не е конечнa и не е на предлог на Министерството за правда, напиша на Facebook министерот за правда Бојан Маричиќ.

Додаде дека откако ја видел во петокот почнал процедура за нејзино повлекување, која вчера се формализирала.

– Со мој потпис списокот го вратив назад кај затворите на уште едно разгледување, напиша Маричиќ.

И заменик министерот за правда Агим Нухиу претходно објави на Facebook дека е повлечен списокот на лица предложени за помилување што треба да биде доставен до претседателот на државата Стево Пендаровски.

– Ја информираме пошироката јавност дека Иницијативите за помилување покренати од Управите на затворите се повлечени од страна на Министерството за правда! За каузата на правдата ние секогаш ќе дејствуваме!, напиша Нухиу.

Првиот човек на Министерството за правда вчера најави дека спорната листа ќе се прочисти и дека тој не дава никакви помилувања.

– Ова се специфични помилувања по повод Нова година и листите за делумно скратување на казната ја прават директорите на затворите и се проследува на разгледување. Мислам дека дел од спорните имиња нема ни да се најдат на листите. Значи, предлог-листите се од затворите, а не од Министерството за правда. Тие листи поминуваат низ четири филтри, истакна Маричиќ за „Утрински брифинг“.

Посочи дека оваа постапка не е јавна и не се објавува во јавност. – Неблагодарно е да се објавуваат имиња во рана фаза затоа што станува збор за луѓе што се осудени и имаат свои надежи. Ние ќе се погрижиме да не се најде ниедно спорно име на списоците, рече Маричиќ.

Од Кабинетот на претседателот Стево Пендаровски за МИА потврдија дека Комисијата за помилување ќе ја закаже седницата кога ќе пристигне финалниот список од Министерстовото за правда со предлозите за групното помилување.

– Комисијата за помилување ќе ја закаже седницата кога ќе пристигне финалниот список од Министерстовото за правда со предлозите за групното помилување. Јавноста, како и секогаш, ќе ја информираме веднаш кога ќе се донесат одлуките, велат од Кабинетот на Пендаровски.

Со реакции за предлог-листата за помилување вчера излегоа и неколку политички партии.

По информацијата дека министерот за правда доставил барање до претседателот Стево Пендаровски за помилување на Бобан Илиќ, казнет за убиството на малиот Алмир Алиу на 25 јуни 2016 година, од Алтернатива вчера на прес-конференција побараа претседателот на државата да не го потпише ова помилување и барањето да биде повлечено.

Од Алијансата за Албанците, пак, во знак на револт за иницијативата за помилувања го обоија со црвена боја Министерството за правда. Омер Ајдини од Форумот на млади на Алијансата за Албанците истакна дека бараат итна оставка од министерот за правда, заменик-министерот и сите чинители кои ја преземале оваа иницијатива за помилување.

На списокот за помилување од издржување на дел од затворската казна или за целосно помилување како предлог до претседателот на државата Министерството за правда има 48 лица. Меѓу имињата, како што објавија дел од медиумите, се и бизнисменот Сеат Кочан, Александар Василевски-Нинџа, контроверзниот сведок на обвинителството за случувањата на 27 април 2017 година, Бобан Илиќ, осуден за убиството на 4-годишниот Алмир во Куманово…

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Македонија

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Read more

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Read more

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Read more

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Read more
 

Вести

Прогласен лауреатот на наградата Антево слово 2024 година

Читај повеќе

Беќаровски обвинуван за навреди врз Албанци на национална основа, најави тужба

Читај повеќе

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

Девојка тешко повредена откако со велосипед удрила во пешак

Читај повеќе

Лавров: Ќе се бориме против исламофобијата и русофобијата во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Пијан возач предизвика сообраќајка со 8 мртви и 40 повредени

Читај повеќе

Француските затворски чувари протестираат по убиството на двајца колеги

Читај повеќе

Зеленски го откажа патувањето во Шпанија и Португалија поради руската офанзива

Читај повеќе