Литванските тајни служби тврдат дека Русија е подготвена за уште две години војна

Според литванските разузнавачки служби, Русија е способна да ја продолжи војната во Украина уште две години, пренесува DPA.

– Сметаме дека ресурсите што Русија ги има на располагање денес ќе бидат доволни за да води војна со ист интензитет како сегашниот уште две години, изјави денеска полковникот Елигијус Паулавичиус, од литванската воена разузнавачка служба, при презентацијата на годишниот извештај на неговата агенција.

Русија, под водство на претседателот Владимир Путин, стана „сè пототалитарна“, се додава во извештајот. Се вели дека војната во Украина ја поткопува „политичката и економската основа на режимот“.

Неуспесите на бојното поле, натамошните мобилизации и влошувањето на економската ситуација може да имаат негативно влијание врз стабилноста на Русија, се наведува во извештајот.

„Во сегашната социјална и политичка средина, најверојатната алтернатива на режимот на Путин е друг авторитарен режим“, оценуваат разузнавачките служби. Затоа Русија „веројатно останува закана и извор на нестабилност во регионот најмалку на среден рок“.

Литванија граничи со руската ексклава Калининград, како и со рускиот сојузник Белорусија. Разузнавачките агенции велат дека војната само до одреден степен и привремено ги ограничува воените капацитети на Русија во областа околу Калининград и во Западна Русија.

Сепак, „неограничената способност“ на Русија да испрати свои војници во Белорусија, исто така, има негативно влијание врз безбедноста на Литванија и другите земји на НАТО. Ова, исто така, ја намалува нивната способност за предупредување, рече Паулавичиус, пренесува DPA.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе