Лондон тврди: Кинеска нуклеарна подморница фатена во стапица, загинале 55 морнари

Макфакс
/ 04.10.2023 / 11:16

Кинеска нуклеарна подморница наводно е фатена во стапица кога требало да зароби британски подводни пловила во Жолтото Море. Се стравува дека загинале 55 кинески морнари, јавуваат британски медиуми. Според британскиот извештај, морнарите загинале на 21 август бидејќи системот за кислород на подморницата не функционирал, што предизвикало труење на екипажот.

Се верува дека меѓу загинатите е капетанот на кинеската подморница и уште 21 офицер. Кина официјално негира дека инцидентот се случил.

„Разузнавањето известува дека на 21 август се случила несреќа за време на мисија во Жолтото Море. Инцидентот се случил во 8:12 часот по локално време, а загинале 55 членови на екипажот. Меѓу загинатите е и капетанот, полковник Шуе Јонпен“, се наведува во британскиот извештај, а нема друга независна потврда за наводната загуба на кинеската подморница.

„Се верува дека смртта е предизвикана од хипоксија поради дефект на системот на подморницата. Подморницата удрила во бариерата со синџир и котва, што ја користела кинеската морнарица за заробување на американските и сојузничките подморници. Ова резултирало со дефекти на системот за кои биле потребни 6 часа за да се поправат, а пловилото е извлечено на површината“, се заклучува во извештајот.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе