Лотито: Одбив 140 милиони евра за Сергеј Милинковиќ-Савиќ

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, откри дека одбил понуда од 140 милиони евра за српскиот репрезентативец Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Лотито тврди дека на челниците на Јувентус и Манчестер Јунајтед им рекол дека Србинот не е на продажба. Тој истакна дека Сергеј може да го напушти римскиот клуб само доколку самиот побара трансфер.

„Секогаш се работи за пари. Јас зборувам за техничките и личните квалитети на моите играчи. Милинковиќ-Савиќ не се продава. Никогаш не сум сакал да го продадам. Дали видовте знак 'се продава' на него? За да го купите, ви треба некој што ќе ви го продаде“, рече Лотито на состанокот на претседателите на клубовите во Серија А.

Лотито истакна дека е подготвен да разговара со српскиот офанзивец за евентуален трансфер, но само доколку се јави врвен клуб.

„Многу го ценам Сергеј, тој е врвен играч. Доколку некој голем клуб покаже интерес за играчот, би го прашал што сака“, додаде првиот човек на Лацио.

Лотито истакна дека во римскиот клуб приоритет се човечките односи, а не парите.

„Денес постои проблем со почитта кон човекот и играчот. Во мојот клуб им даваме приоритет на човечките пред финансиските аспекти. Одбив понуда од 140 милиони евра за Сергеј. Не го продадов“, изјави претседателот на Лацио.

Ваквите тврдења на Лотито се тотална спротивност од она што му го правеше на нашиот Горан Пандев кој кога сакаше да си замине беше исфрлен од тимот, па на крајот ја доби тужбата за мобинг и си замина во Интер.

Милинковиќ-Савиќ во 2015 година од Генк се пресели во Лацио за околу 10 милиони евра.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе