„Љубојна“ обновува уште една божикна песна

Скопје, 12 декември 2019 (МИА) – Традиционално и годинава се интензивираат активностите на Здружението „Бадникови поворки“, чија цел е да го подготви нашиот народ за достоинствено празнување на Христовото Раѓање – Божик. „Христос се роди денес“ е насловот на годинашнава каланда, односно божикна песна која потекнува од некогашна Смирна.

Како што соопшти Здружението, станува збор за стара песна од нашата православна традиција, која нашите повозрасни граѓани ја пееле на Бадник во попладневните часови. Најпрво децата од рано наутро со песната „Вечниот Бог“ или „Дева денес“ оделе од куќа на куќа и го најавувале Христовото Раѓање, за попладне тоа да го направат возрасните, токму со оваа песна „Христос се роди денес“. Од втората половина на 20-тиот век, традицијата на пеење на оваа песна згаснува, за оваа година, на иницијатива на отец Партениј од Бигорскиот манастир, одново да се врати и да го радува нашиот православен народ.

Песната во студио ја подготвуваат групата „Љубојна“ и традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“ од Скопје.

– За мене, оваа е втора година по ред, како сум дел од Бадниковите поворки, и втора година како заедно со целиот мој православен народ, свечено и достоинствено, низ цела манифестација на настани, се подготвуваме да го празнуваме „Христовото Раѓање – Божик. Особено сум почестена што токму јас како бренд на „Љубојна“ и една поголема група прекрасни луѓе од традицискиот оддел при ДМБУЦ „Илија Николовски Луј“, го добивме благословот на отец Партениј од манастирот Св. Јован Бигорски, со чија што љубов и посебно чувство на естетика, се сплотивме и ја возобновивме оваа четврта каланда или коледарска песна која ќе остане за навек, а носи наслов „Христос се роди денес“, изјави Вера Милошевска од „Љубојна“.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

МК сцена

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Read more

Погребот на Мирко Попов ќе биде денеска на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје

Read more

Почина Мирко Попов

Read more

Почина Атина Апостолова, доајен на македонската народна музика

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе