Љубовта ни започна во Галичник, таму ќе ја овековечиме - Елисавета и Оливер се невестата и младоженецот на годинашната Галичка свадба

Оливер Андреевски и Елисавета Булоска се годинешните зет и невеста на јубилејното 60-то издание на манифестацијата Галичка свадба, која ќе се одржи од 14 до 16 јули.

„Во Галичник започна нашата љубов со Оливер и драго ми е што ќе ја овековечиме таму. И многу сме среќни и тука сме еден за друг да се поддржиме“, рече Елисавета.

Потекло од Галичник има Оливер, од каде потекнуваат и неговите предци.

„Јас имам потекло од Галичник, невестата има потекло во Охрид. Веќе пет години се знаеме и цело време ѝ зборувам за Галичник. И така се одлучивме да аплицираме да учествуваме, и со голема желба, љубов и почит кон нашите предци да учествуваме на свадбата, заедно со нашите семејства и да се венчаме токму во Галичник со сите обичаи“, рече Оливер.

Ана Сариевска, неколкугодишен режисер на Галичка свадба, која се грижи за координацијата и реализација за свадбениот обред, рече дека повеќе од 20 години е учесник на Галичката свадба. Десет години во нејзина организација, а круна на нејзиното учество во оваа претстава под отворено небо било кога во 2014 година била невеста на Галичка свадба.

„Потекнувам од семејство кои биле основоположници на галичката свадба, учев од нив. Тоа беше една генерација луѓе кои беа родени, живееја таму. Плашејќи се да не згасне традицијата, тие ни ја оставија во аманет Галичката свадба. Мојата задача е да искоординирам околу 250 луѓе кои се техничка поддршка, плус гостите на свадбата“, раскажа Ана Сариевска.

Министерката за култура Костадиновска-Стојчевска рече ова е време кога се слават љубовта, семејството и заедницата.

„60 години традиција, радост за враќање дома во родниот крај и 60 години Галичка свадба. Историски мост помеѓу нашето минато и сегашност. Мост меѓу живата традиција и современост. Галичка свадба е повеќе од еден обичен настан, таа претставува вистинско патување низ времето, волшебен момент кога се спојуваат генерациите и се пренесуваат обичаите и ги чуваме со голема почит“, рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Во програмата за Галичка свадба предвиден е целовечерен концерт на „Фолтин“ кој ќе се одржи на 14 јули, а во сабота доцна попладне почнуваат сите обичаи поврзани со Галичката свадба. За време на Галичката свадба на Галичник ќе има и сообраќаен режим.

Покровител на манифестацијата Галичка свадба е претседателот на државата Стево Пендаровски, кој по татко е галичанец.

реклама

Култура

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more
 

Вести

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе