Лукашенко: Фала многу, сега може да скандирате „Оди си!“

МИА/КАЈГАНА
/ 17.08.2020 / 16:06

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска изјави дека е подготвен да ги пренесе овластувањата откако ќе биде усвоен нов Устав на земјата.

„Потребен ни е нов Устав. Ми беа предложени две варијанти, но и двете ги одбив, бидејќи едвај се разликуваа од сегашната. Во тек е работа на трета верзија. Дојдете, да седнеме и да работиме на уставот, па да го ставиме на Референдум“, изјави Лукашенко при посетата на фабриката МЗКТ во Минск.

Тој потенцираше дека ќе ги пренесе своите овластувања со Устав, но, како што рече – не со притисок, и не на улица. Лукашенко, уште дополни, дека планира да ја напушти функција, порано или подоцна.

„Секако дека ќе заминам еден ден. За година, две…Но овој Устав не можеме да го препуштиме било кому. Тоа ќе биде катастрофа. Од тоа најмногу се плашам“, изјави белорускиот претседател.

Лукашенко го заврши говорот со зборовите: „Фала многу, јас кажав што имав да кажам. Сега можете да почнете со скандирање ‘Оди си’“, а толпата му одговори токму со зборовите „Оставка! Оставка!“.

Remote video URL

Претседателските избори во Белорусија се одржаа на 9 август. Според Централната изборна комисија, актуелниот претседател добил 80,1 отсто од гласовите, но демонстранти со денови протестираат, обвинувајќи за изборен фалсификат. И западните држави оценија дека изборите во Белорусија не биле фер, ниту демократски.

Седми ден по ред повеќе десетици илјади демонстранти учествуваа во протестите против резултатите од претседателските избори во Белорусија. Синоќешните протести беа најмасовни.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе