Ги советува да пијат млеко или чај

Лукашенко ги обвини граѓаните дека премногу пијат кафе, некои и се „здебелиле“

Б.С.Б.
/ 21.10.2022 / 10:24

Белорускиот претседател Александар Лукашенко во текот на состанокот во Палатата за независност ги коментираше зголемените цени на увозните производи.

Еден ден претходно, на Владата ѝ даде задача да развие мерки за контрола и регулација на цените. Истовремено, никогаш не е споменато целосно замрзнување на цените.

Лукашенко изјави дека производите како кафе, банани и слично ќе поскапат бидејќи тоа не зависи од Белорусија. На граѓаните им порача дека тоа не е најголемата грижа сега, па ако сакаат кафе нека не се нервираат кога ќе поскапи.

„Кој сака кафе, нека пие. Извинете ако кафето е поскапено. Можам да ви понудам млеко или чај. Не пијам кафе и жив и здрав сум си!“, изјави Лукашенко.

Сите добија задача да изработат мерки за контрола и регулација на цените.

„Сакам да повторам, нема целосно, неограничено замрзнување на цените. Го упатувам ова до оние кои немаат слушнато. Поентата е дека некои премногу се ‘здебелија’ и нема да ме убедите во спротивното. Тоа се однесува на сите: на бизнисмени и претприемачи, како и на државните претпријатија“, изјави Лукашенко.

URL
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе