Лукашенко: Ќе гори цела Европа

Претседателот на Белорусија изјави дека ситуацијата во која се наоѓаат Украина и Европа е катастрофално. Спомена и Трета светска војна, а откри и од што се плашат САД.

Александар Лукашенко (или во оригинал на белоруски Алјаксандр Лукашенка), изјави дека Европејците не сакаат војна, но дека нивните влади не можат да го изгаснат пожарот кој им тлее во сопствениот двор.

„Германија, цела Европа нема лидери. Би сакал да имаат... Тие не можат да го изгаснат пожарот во сопствениот дом. Европејците не ја сакаат оваа војна. Тие добро знаат што се случува во Украина и се обидуваат да ја дестабилизираат Белорусија. Утре ќе гори цела Европа. Ако изненадно избие нова светска војна, тоа ќе ја погоди и Америка“, изјави белорускиот лидер, а пренесува новинската агенција BelTA.

„Единственото нешто што ги плаши Американците е нуклеарното оружје. Ако не се употреби нуклеарно оружје, тао значи дека борбата ќе биде со конвенционално оружје. Каде? Тие ќе војуваат тука, а во тој казан ќе бидеме и ние“, смета Лукашенко.

„Украина веќе гори. Најбогатата држава. Нема таква земја каква што беше Украина. Советскиот Сојуз во неа многу вложуваше. Најплодната почва, најубавата природа! Катастрофа е ова во што ја претворија земјата“, изјави лидерот на Белорусија.

Европските челници ги опиша како „лудаци“ кои не се способни да му кажат „не на Вашингтон и со тоа го разгоруваат огнот во регионот“.

„Дали оние кои им дозволија на Американците да истоварат нов нуклеарен арсенал во Европа се вистински лидери? Тие се лудаци! Европејците треба да се разбудат и да ја сопрат војната“, изјави тој.

Лукашенко смета дека „елитните земји“ не настојуваат да ја запрат војната. Напротив, се обидуваат да ја продолжат со цел да ја сочуваат сопствената моќ. Според зборовите на Александар Лукашенко, лидерите во ЕУ се потполно зависни од САД.

„Згора на тоа им недостасува волја да се спротивстават на овој притиусок. Постои и економска зависност за снабдување роба на американскиот пазар, бизнис интереси. Доколку Европската Унија договореше партнерство со Русија, ќе беше голема сила“, убеден е белорускиот лидер.

Лукашенко смета дека Европејците треба да „размислат со своја глава и да одлучат како понатаму да живеат“.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе