Лукашенко открива каков бил Пригожин за време на бунтот: Пцуеше и беснееше

МАКФАКС
/ 27.06.2023 / 17:48

Белорускиот претседател Александар Лукашенко денеска откри дека заменик министерот за одбрана Јунус-Бек Јевкуров и директорот на ФСБ, Александар Бортников помогнале да се воспостави неговиот контакт со шефот на паравоената формација Вагнер, Евгениј Пригожин.

„Освен Јевкуров во првата фаза и Бортников, директор на ФСБ, никој не учествуваше во овие преговори“, рече Лукашенко, пренесува РИА Новости.

Како што вели, Пригожин одговорил на неговиот прв повик.

„Прво разговараа околу 30 минути, а Пригожин беше многу непријатен. Беше многу лут и многу пцуеше“, открива Лукашенко, пренесува медиумот.

Тој додаде дека за време на разговорот заклучил дека командантите на „Вагнер“ биле крајно лути на официјалната руска армија и дека тоа имало прилично ефект врз Пригожин.

„Тој беше притиснат од оние кои ги водеа напаѓачките одреди и ја видоа смртта на нивните војници. Во таа ситуација, кога го окупираа Ростов, и се беше многу хаотично, јас ги водев преговорите со него“, рече Лукашенко.

Инаку, Лукашенко претходно денеска потврди дека шефот на паравоената формација Вагнер, Евгениј Пригожин, веќе е во Белорусија.

„Безбедносните гаранции, како што ветив вчера рускиот претседател Владимир Путин, се обезбедени. „Да, навистина, тој денеска е во Белорусија“, рече Лукашенко.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе