Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Макфакс
/ 25.04.2024 / 14:43

Украина набргу ќе престане да постои доколку не се согласи на преговори, изјави белорускиот претседател Александар Лукашенко на седницата на Националното собрание на Белорусија.

Тој додаде дека сега е најдобрата ситуација за склучување мир во Украина бидејќи ако Киев не почне сега да преговара, ќе ја загуби својата државност, пренесува Спутник.

Според него, ситуацијата на украинскиот фронт во моментот е во ќор-сокак и се создадени услови за мировни преговори.

Лукашенко оцени дека договорите постигнати на преговорите во Истанбул минатата година може да станат почетна точка за преговори.

Осврнувајќи се на уште еден пакет американска помош за Киев, белорускиот лидер истакна дека американската помош од 60 милијарди долари за војната во Украина е најважниот фактор за ескалацијата.

„Западот го претвори Киев во наркоман, кој го држи на краток синџир, со ветувања за ново оружје и финансирање“, посочи Лукашенко.

Според него, на вооружените сили на Украина не им недостига само муниција, туку и жива сила.

Истакна дека тие пари САД морале да ги испратат во Киев бидејќи тоа е шанса да ги ослабат Москва и Минск.

„Затоа ќе испорачуваат ракети и други работи. Но, им недостига работна сила. Луѓето бегаат од војна“, нагласи белорускиот лидер.

Лукашенко исто така коментира дека Вашингтон ја интензивирал работата на проверка на подготвеноста за употреба на компонентите на нуклеарната тријада и нивната модернизација.

„Ако Русија го искористи целиот свој арсенал како одговор на акциите на Западот, ќе дојде до апокалипса“, оцени Лукашенко.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Свет

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Read more

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Read more

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more
 

Вести

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Читај повеќе

Дали војната во Украина прераснува во светска војна?

Читај повеќе
  • play_arrow

Маж и жена во Шведска запалија Куран

Читај повеќе

Санкциите се видливи: Газпром заврши во минус првпат по повеќе од 20 години

Читај повеќе

Куче паднало во шахта и ги изгризало каблите за интернет на две болници: ЦУК за невообичаената акција во Скопје

Читај повеќе

Одбележување 121 година од смртта на Гоце Делчев

Читај повеќе

Тепачка во Чаир: случајот го пријавила 28-годишна девојка која била меѓу нападнатите

Читај повеќе

Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе