Мадона по 34 години ја објави контроверзната откажана реклама за Pepsi

Одамна откажаната контроверзна реклама за Pepsi на Мадона конечно по повеќе од три децении се емитуваше, и тоа за време на доделувањето на MTV Video Music Awards во вторникот вечерта.

Првично снимена во 1989 година за да се промовира песната „Like A Prayer“, но подоцна беше повлечена откако спотот за песната предизвика гнев во јавноста.

Кралицата на попот му се заблагодари на Pepsi што дозволи рекламата да ја види светлината на денот, истовремено зборувајќи за нејзиниот непоколеблив уметнички интегритет.

„Пред 34 години направив реклама за Pepsi за да го прославам објавувањето на мојата песна 'Like A Prayer'“, напиша таа на Instagram.

„Рекламата беше веднаш откажана откако одбив да сменам која било сцена во видеото каде бакнувам Афроамерикански светец или палам крстови. Така започна мојата славна кариера како уметник кој одбива да го загрози својот уметнички интегритет“, продолжи таа.

Таа потоа му се заблагодари на Pepsi што „конечно ја сфатија генијалноста на нивната соработка“, со порака дека „уметниците се тука за да го нарушат мирот“.

Снимена главно во црно-бело, рекламата покажува многу помлада Мадона како седи пред телевизор со лименка Pepsi в рака додека се гледа себеси на ТВ екранот.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Madonna (@madonna)

Двеминутната реклама за прв пат се емитуваше на 2 март 1989 година - еден ден пред да биде објавен музичкиот спот за „Like A Prayer“.

Сепак, видеото „Like A Prayer“ брзо се покажа контроверзно бидејќи со своите слики и сексуални теми ги вознемири религиозните групи.

Наредниот месец Pepsi реши да ја откаже рекламата на Мадона откако беше преплавен со поплаки од потрошувачи кои погрешно веруваа дека музичкото видео и рекламата на Pepsi се едно исто.

Remote video URL
Тагови
реклама

Музика

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Read more

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Read more

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе