БИЗАРНА ВОЈНА

Мајмуни во Индија убиле 250 кучиња поради одмазда

Група мајмуни во Индија убиле 250 кучиња од одмазда во последниот месец, фрлајќи ги од високи дрвја и згради.

Жителите на Лавула, град во сојузната држава Махараштра со околу 5.000 жители, на околу 480 километри од Мумбај, велат дека мајмуните почнале да се одмаздуваат пред еден месец откако глутница кучиња убила млад мајмун.

Оттогаш мајмуните фаќалe кучиња, ги влечеле и ги фрлале од високи дрвја и куќи. Во местото речиси и да нема повеќе кучиња, но нападите на мајмуните не престануваат.

Фотографиите и видеата на локалните медиуми покажуваат мајмуни кои држат кучиња на покривите и гранките, како и кучиња кои бркаат мајмуни низ селото додека жените и децата се засолнуваат на безбедно.

Забележано е дека мајмуните напаѓаат и деца, што предизвикало паника кај родителите. Мештаните апелираа до локалните власти да помогнат во фаќањето на одмаздољубивите мајмуни, а некои се обиделе сами да ги фатат и да ги спасат кученцата, па неколку луѓе се повредени.

Експертите за однесување на приматите велат дека студиите покажале дека мајмуните можат да се одмаздат и често им одговараат на оние поврзани со првобитниот агресор откако ќе бидат нападнати.

Мајмуните макаки се познати по тоа што се исклучително интелигентни, но и лукави. Не е невообичаено да ограбуваат остави и фрижидери или да крадат облека и разни предмети.

реклама

Чек дис аут

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Read more

Еден од најактивните вулкани во светот исфрла злато во вредност од 6.000 долари секој ден

Read more

Бургер на едноставен начин

Read more

Скопски сеоски фудбал: Зајко пасе позади гол

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе