Македокс најави богата фестивалска програма за 14-тото издание

Фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ во своето 14-то издание ќе се одржи од 17 до 24 август во Скопје и по тој повод денеска, 10 август, на платото пред Младинскиот културен центар, се одржа прес-конференција на која беше објавена комплетната фестивалска програма.

Фото: Сашо Алушевски

На прес-конференцијата се обратија Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот, Петрула Вељановска, дел од програмскиот тим на „МакеДокс“, и Сара Ферро, координатор на МакеКоПроДокс форумот.

„Четиринаесетото издание на фестивалот на креативен документарен филм „МакеДокс“ ќе се одржи под мотото #пресечи (#cutit). Во фокус ја поставуваме монтажата на документарниот филм. Фестивалот ќе се одржи на 4 локации – Куршумли-ан, платото на Музеј на Македонија, Младински културен центар, Даутпашин амам и нашето ново летно кино во Сули-ан. Најавуваме богата фестивалска програма со повеќе од 100 странски гости, професионалци од документарниот свет“, истакна Дарко Набаков, извршен директор на фестивалот.

Отворањето на фестивалот е на 17 август во Куршумли-ан со проекција на филмовите „Над рудникот“ на Тео Аудоар и Лова Карлсон (Франција) и „Танцувајќи ја Пина“ на Флоријан Хејсен Сиоб (Германија), проследени со концерт на локалната група „Искра“. Филмската програма на 14. „МакеДокс“ е распоредена во пет категории – Главна програма, Нови автори, Кратки документарни филмови, Студентски документарци и Програмата за деца и младинци. Земја во фокус годинава е Данска.

„Како и секоја, така и оваа година, доста долго време гледавме и ги „динставме“ документарните филмови за на крајот да пресечеме и измонтираме програма со околу 75 филмови кои ќе бидат прикажани на ‘МакеДокс’. Монтажата како процес на работа и барање на повеќеслојност во филмската документарна приказна е во фокусот на овогодишното издание, а по тој повод и Земја во фокус одбравме да биде Данска. Заедно со Данскиот филмски институт скроивме програма од 12 дански долгометражни филмови, а го поканивме и светски познатиот дански монтажер Јеспер Осмунд да одржи работилница, со оглед на тоа што данските документарни филмови се секогаш добро скроени, дури доведени до перфекција при монтирањето на филмот“, рече Петрула Вељановска, дел од програмскиот тим на „МакеДокс“.

Со проекција во рамките на главната програма на 21 август во Куршумли-ан ќе се одржи македонската премиера на креативниот документарен филм „Тело“ (Body) на режисерката и сценарист Петра Селишкар. Станува збор за најново документарно остварување на авторка која досега на „МакеДокс“ ги претставила филмовите „Мојот превртен свет“, „Мама Европа“ и „Бабички на револуцијата“.

Фото: Сашо Алушевски

На фестивалот ќе се доделат пет награди, „Кромид“, „Млад кромид“, „Сечкан кромид“, „Кокарче“ и Награда за најдобри етички идеи, а во комисиите за наградите членуваат 15 интернационални професионалци од документарниот филмски свет.

Мастеркласовите посветени на процесот на монтажа ќе ги одржат српската режисерка Мила Турајлиќ и хрватскиот монтажер Владимир Гојун на 19 и 20 август во Даутпашин амам. Мастеркласот на Турајлиќ ќе биде поврзан со диптихот документарни филмови „Неврзаните: Сцени од фондот на Лабудовиќ“ и „Филмски герили: Сцени од фондот на Лабудовиќ“, кои ќе бидат прикажани во главната програма на 20 август во Куршумли-ан. Инаку, Стеван Лабудовиќ бил личниот снимател на Јосип Броз Тито.

Како продолжување на претходните успешни искуства, оваа година ќе има работилница за монтажа со данскиот монтажер Јеспер Осмунд и со данскиот критичар Ту Стин Милер. Работилницата ќе се одржи онлајн на 15 август и ќе продолжи од 18 до 20 август. За работилницата се одбрани четири проекти во фаза на постпродукција од Балканот.

„Петтото издание на МакеКоПроДокс форумот ќе се одржи од 21 до 23 август во Младинскиот културен центар. Првиот ден од форумот го посветуваме на монтажата, со презентација на 4-те проекти од работилницата за монтажа. Потоа ќе се одржи панел-дискусија помеѓу монтажери и продуценти од Балканот. Претставниците од балканските филмски центри и оваа година се дел од Форумот и тие ќе одржат презентација на можностите за постпродукција и копродуцирање. На 22 август, 11 проекти од Балканот, меѓу кои и два македонски, во различни фази на продукција ќе имаат пичинг и еден-на-еден состаноци со филмски професионалци и гости на фестивалот“, објасни Сара Ферро, координатор на МакеКоПроДокс форумот.

Форумот е организиран и поддржан од фестивалот „МакеДокс“, Агенцијата за филм на Северна Македонија, МЕДИА деск МК, Грчкиот филмски центар, „Вардар филм“, Документарното здружение на Европа и Младинскиот културен центар – Скопје.

Меѓу значајните сегменти на фестивалот се „Разговорите под смоквата“, кои ќе се одржуваат секој ден во 18 часот во Куршумли-ан и сегментот „Ноќни приказни“, каде што она што зборовите не можат да го искажат ќе биде оставено музиката да го каже со настап на локални бендови. За време на фестивалот ќе се одржи втората сесија на петтата генерација „Докуникулци“, кои се дел од работилницата за креативен документарен филм.

„МакеДокс“ во соработка со фестивалот на анимиран филм „Флипбук“ ќе прикаже и неколку наградувани анимирани документарни филмови кои биле дел од програмата „Анидок“.

Фото: Сашо Алушевски

„Повторно сме во Старата чаршија, повторно сме и во Даутпашиниот амам благодарение на поддршката од Националната галерија. Многу нè радува што по 14 години успеваме да влеземе во, за нас, нов простор и со разбирање од деканската управа на Факултетот за ликовни уметности ќе имаме проекции во Сули-ан. Сакаме да ставиме акцент на важноста на чаршијата, да не го изгубиме тоа културно јадро и да го негуваме со што повеќе култура во самата чаршија, која како простор е значајна за ‘МакеДокс’, но и за градот Скопје“, рече Набаков.

Годинава фестивалот „МакеДокс“ е поддржан од Агенцијата за филм на Северна Македонија, Програмата МЕДИА на „Креативна Европа“, Националната фондација за демократија од Вашингтон, Министерството за култура, Институтот „Јунус Емре“ - Скопје, Чешката Амбасада во Скопје, Чешкиот културен цeнтар во Софија, Амбасадата на Кралството Шпанија, Францускиот институт, Грчкиот културен центар, Данскиот филмски центар, МЕДИА деск МК, „Вардар филм“, Младинскиот културен центар, Музеј на РСМ, Археолошки музеј, Факултетот за ликовни уметности, Националната галерија на РСМ, такси „Глобал“ и голем број медиумски покровители.

„Се надеваме дека вака скроениот визуелен свет на 14-то издание на ‘МакеДокс’ ќе биде на радост на вашите и нашите очи!“, порачаа организаторите и додадоа дека целосната програма може да се пронајде на официјалната веб-страница на „МакеДокс“ (makedox.mk), а може да се симне и фестивалската апликација. Од денеска, 10 август, е отворена можноста за онлајн купување на билетите.

Тагови
реклама

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Едноставна техника - божествен изглед: Вапцање јајца со свила

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more

Култура

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Read more

Повик за учество на млади поети на „Отскочна даска #3“ во рамките на 4. Скопски поетски фестивал

Read more

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Read more

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Read more
 

Вести

  • filter

Зошто прашина од Сахара ја завеа Европа?

Читај повеќе

Мицкоски до Ахмети: Во политичка пензија ќе одиш како обичен криминалец

Читај повеќе

Левица ќе коалицира со влада која ќе ги прифати црвените линии во одбрана на македонската држава

Читај повеќе

Дел од Карпош без струја

Читај повеќе

Променливо време, од четврток дожд

Читај повеќе

Зеленски до Американците: Побрзајте!

Читај повеќе

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Читај повеќе

Мицкоски: Наша цел е за првпат коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ од опозиција да освои мнозинство во Парламент

Читај повеќе
  • play_arrow

„Алах Акбар“ на улиците на Хамбург, муслиманите повикаа на калифат и шеријат

Читај повеќе