Македонците во Албанија бараат едукација на македонски јазик и во областите каде живеат во поголем број

Претставничката на македонската заедница во Албанија во Комитетот за национални малцинства, Марјана Костофски, побара од Централната изборна комисија (ЦИК) едукација за локалните избори да има на нивниот мајчин јазик за Македонците каде што нивната концентрација е поголема.

– На средбата што ја имавме, како претставници на Комитетот, со претседателот на Централната изборна комисија, Илиријан Целибаши, ја поздравив одлуката на комисијата да биде испечатен едукативен изборен материјал, на јазиците на малцинствата, вклучително и на македонското. При тоа побарав едукација да има и за Македонците во другите области, Голо Брдо, Гора, како и градовите каде концентрацијата е поголема, рече Костофски за МИА.

Исто така, ја поздравила и итната корекција од страна на комисијата во едукативен постер каде македонската заедница во Албанија беше именувана како „национално малцинство на Северна Македонија“. По забелешките на нас Македонците, додава таа, веднаш беше извршена корекција и сега стои терминот „македонско национално малцинство“, како што официјално се признава во Албанија.

Како што ЦИК објави на официјалната страна, Целибаши со претставниците на малцинствата разговарал за „изнаоѓање најдобри средства и начини за информирање и едукација на малцинствата на нивниот мајчин јазик за изборните прашања“.

– ЦИК целосно го признава и почитува ова нивно основно право. Степенот на демократија во една земја и степенот на развој на едно општество во голема мера се детерминирани од тоа како таа земја и тоа општество се однесува кон малцинствата, рекол тој.

За средбата, која минала во пријатна и конструктивна атмосфера, според Костофски, од име на комитетот се заблагодарил потпретседателот Сеад Казанџиу, кој е претставник на ромското национално малцинство.

ЦИК за локалните избори што ќе се одржат на 14 мај, за прв пат во историјата на изборните процеси во Албанија, одобри посебна програма за информирање и подигање на свеста на гласачите-припадници на националните малцинства во Република Албанија.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе