УЕФА ЕВРОПА КОНФЕРЕНЦИСКА ЛИГА 2023/2024

Македонија ЃП, Шкупи и Шкендија ги дознаа противниците во Конференциската лига

Филип Здравески
/ 20.06.2023 / 17:52

Трите македонски претставници во најслабото европско клупско натпреварување на денешната жрепка ги добија своите противници.

Откако шампионот Струга ја дозна својата судбина во квалификациите за пласман во Лигата на шампионите, следуваше жрепката за Лига Европа, па на крајот и онаа за Европа конференциската лига - најмладото натпреварување на УЕФА кое влегува во својата трета сезона.

Бидејќи Македонија има слаб клупски коефициент, освен шампионот кој игра во Лигата на шампионите, сите останати претставници и оваа година ќе играат во третиот ешалон, без место во Лига Европа.

Победникот на Купот, екипата на Македонија ЃП, за противник го доби латвискиот тим на РФС.

Второпласираниот Шкупи беше извлечен да игра против литванскиот Хегелман, додека Шкендија за противник го доби велшкиот Хаверфордвест.

Шкупи и Шкендија добија одлични противници за кои реално е да се очекува да ги минат и да го продолкжат европското лето барем за едно коло, додека „Лавовите“ од Ѓорче нема да имаат лесна задача против солидниот тим на РФС.

Првите натпревари ќе се играат на 13 јули (четврток), а реваншите седум дена подоцна (20-ти)

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе