Македонија или Див Запад: „Жолта минута“ на Арбер Адеми од ДУИ

Пратениците од власта и опозицијата синоќа излегоа со меѓусебни обвинувања за инцидентот на собраниската Комисија за европски прашања, а преку соопштение својот став го соопшти и претседателот на Парламентот Талат Џафери.

Кабинетот на Џафери соопшти дека била свикана итна координација на која биле поканети сите координатори и претставници на политичките партии во Собранието, но, според соопштението од неговиот Кабинет, присуствувале само координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митревски, потпретседателот на Собранието, Горан Мисовски и пратеничката од Алтернатива, Сафије Садики Шаини. Не присуствувале претставниците од опозициските партии ВМРО-ДПМНЕ и од Алијансата на Албанците.

Џафери, како што се посочува, ја свика координацијата откако членовите на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, по цели два часа со процедурални забелешки се спротивставија да се изгласа дневниот ред на Комисијата за европски прашања, кој сепак беше изгласан.

-На координацијата беше донесен заклучок дека собранискиот Деловник ги дава сите можности за работа на Собранието и не дозволува насилство во која било форма. На координацијата исто така се заклучи и тоа дека граѓаните самите ќе проценат од снимките кои се вртат по социјалните мрежи кој го предизвика инцидентот на Комисијата за европски прашања. Ниту во земјите членки на Европската Унија не се дозволува насилство врз претседавачот со седница на работно тело на Собранието, се посочува во соопштението.

Пратеникот Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ во изјава за медиумите од Собранието обвини дека Комисијата за европски прашања чиј претседател е Арбр  Адеми од ДУИ се претворила во „комисија за Див Запад“ и оти не се почитуваат ниту Деловникот, ниту пратениците, ниту јавноста.

-Денешниот тек на седницата ескалираше во моментот кога претседателот на комисијата им оневозможи на пратениците Илми Азири, Халил Снопче, Дафина Стојаноска, мене, пратеникот Бране Петрушевски од Куманово и други, да го искористиме нашето деловничко право да предложиме пред да биде усвоен, измени и дополнувања на Дневниот ред. Ние имавме конкретен материјал и измените и дополнувањата сакавме да ги предложиме во насока на анализа на заклучоците од Брисел коишто се однесуваа на Македонија и сè уште се актуелни, изјави Милошоски.

Според него, на седницата на Комисијата се направила голема тензија кога Адеми почнал „освен со вербални напади да фрла и со тврди предмети кон пратениците, да крши дел од собранискиот инвентар и да употребува разни вулгарности“ кон пратениците.

Видеото на опозициската партија на социјалните мрежи го објави пратеникот Миле Лефков, објави 360 Степени.

Тагови
реклама

Оваа млада Месечина ќе му го смени животот на еден хороскопски знак

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Аларм во автомобилот што не треба да се игнорира

Read more

Како Јокиќ реагираше кога Шекил му рече дека не требало да биде МВП?

Read more

Македонија

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Read more

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Read more

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Read more

Падна дрво во населбата Автокоманда

Read more
 

Вести

Стефковски: Скопје да се врати на скопјани, а Данела Арсовска да поднесе оставка

Читај повеќе

Денови на култура во Општина Илинден: 25-та Литературна манифестација

Читај повеќе

Апасиев: Уште поборбено одиме да создадеме пофер, поправично и порамноправно општество за нашиот народ

Читај повеќе

Зеленски ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова

Читај повеќе

Падна дрво во населбата Автокоманда

Читај повеќе

Без струја, делови од Зелениково и Чучер Сандево

Читај повеќе

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд

Читај повеќе

Нетанјаху по најавата на Бајден дека ќе престане да испраќа оружје: Ќе се бориме со нокти

Читај повеќе

На парадата на Путин само еден тенк, луѓето се потсмеваат: Па, барем вози

Читај повеќе