Македонскиот „Стела“ е единствен долгометражен филм во Тин програмата во Сараево

Александра Спасеска
/ 06.08.2021 / 13:48

Македонски игран филм за деца „Стела“ е избран да биде единствениот долгометражен игран филм на 27. издание на најголемиот филмски фестивал во регионот, Сараевскиот филмски фестивал, во програмата Тин Арена.

Сараевскиот филмски фестивал е најголемиот во Југоисточна Европа и е еден од најголемите филмски фестивали во Европа. Основан е во Сараево во 1995 година за време на опсадата на Сараево, и секоја година ги носи едни од најголемите меѓународни и локални познати личности од светот на филмската индустрија.

27thSFF Journal 

Во реализацијата на овој прв македонски долгометражен филм за деца е вклучена меѓународна екипа која брои голем број на автори и филмски професионалци. Во филмот главен лик е младата шарпланинка Стела, за првпат на долгометражен филм е младиот Петар Маниќ, а во филмот играат и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и српската актерка Христина Поповиќ, позната од филмскиот хит „Парада“. Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Горѓи Клинчаров, костимограф на филмот е Милена Миленковиќ, монтажер е Данчо  Стефков, а композитор Оливер Јосифовски од Љубојна.

[КАЈГАНА рецензија] „Стела“ е филм за детето во секој од нас

Долгометражниот игран филм „Стела“ е копродукција помеѓу македонската продукциска куќа „Дрим Фектори“ (Продуцент: Огнен Антов), српската продукција „Акција Продукција“ (Продуцент: Јована Караулиќ) и германската „Моуна“ (Продуцент: Никол Акерман). СТЕЛА беше препознаен како проект од исклучителна важност и доби финансиска подршка од Агенцијата за филм на Република С.Македонија, Филмскиот центар на Србија и Филмскиот фонд Баден Вунтерберг во Штутгарт, Германија, а горд спонзор на филмот е и Витаминка.

Стојан Вујичиќ е еден од водечките македонски режисери, чиј опус вклучува бројни кратки играни и документарни филмови и телевизиски проекти. Познат е по филмовите „Брат за еден ден“, „Допир“ и „Годините го чинат своето“, прикажувани и наградени на престижни филмски фестивали.

Дрим Фектори е продукциска куќа основана од Огнен Антов во 2007 година. Во своето филмско портфолио вклучува дела на светски познати режисери како и млади режисери чие време допрва доаѓа, а кои се прикажани на најголемите фестивали во светот. Најновиот упсех на Дрим Фектори е селекцијата на Најстариот филмски фестивал во Венеција со проектот “Вера сонува за морето”.

Филмот СТЕЛА е прва ЕКО или ЗЕЛЕНА продукција во Македонија, што значи дека првпат е снимен филм според сите еколошки стандарди. Водени од најновите светски еколошки стандарди продукцијата се труди да ја намали емисијата на штетни гасови, да го рециклира отпадот според стандарди од Американската асоцијација на филмски продуценти итн.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе