Македонските граничари затекнаа млада девојка во багажник – мајка ѝ се обидела да ја прошверцува

Царински службеници на граничниот премин Меџитлија спречија обид за нелегално пренесување на непријавено лице во државава, откако мајка од Јужна Африка се обидела да ја пренесе својата ќерка во багажник на изнајмено возило со македонски регистарски таблички.

„Имено во понеделникот, на 7 август, на влез во државава, на граничниот премин со Грција кај Битола, се пријави државјанка на Јужноафриканската Република со иницијали Ц.Л.Р. (57), како возач на изнајмениот автомобил. На прашање на царинскиот службеник дали има да пријави нешто за царинска контрола, лицето одговори нема ништо да пријави. Царинскиот службеник се посомнева во изјавата и реши да изврши физичка контрола на возилото, при што во багажниот простор на возилото пронајде непријавено лице. Со проверка на патната исправа се утврди дека се работи за државјанка на Јужноафриканска Република со иницијали Ц.Д.Ј. (23)“, велат од управата.

За случајот е известена полициската станица на ГП „Меџитлија“ и случајот е предаден во нивна надлежност за натамошно постапување.

Тагови
реклама

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Хроника

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Read more

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе