Макрон, Шолц и Мелони ја повикаа Србија де факто да го признае Косово

Лидерите на Франција, Германија и Италија синоќа ја повикаа Србија де факто да го признае Косово, кое прогласи независност во 2008 година, но што Белград сè уште го смета за своја покраина.

Во изјавата објавена еден ден по разговорите со двете страни, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и италијанската премиерка Џорџа Мелони рекоа дека е време балканските соседи да ги исполнат претходните обврски.

Нивниот потег следи по зголемената меѓународна загриженост дека поранешните воени непријатели би можеле да се вратат во отворен конфликт по серијата насилни инциденти во последните месеци. Голем дел од тензиите се насочени во северно Косово, каде што етничките Срби се мнозинство. Остатокот од Косово е претежно составен од етнички Албанци.

URL

Во нивната изјава, Макрон, Шолц и Мелони ги повторија долгогодишните повици до косовскиот премиер Албин Курти да формира заедница на општини со српско мнозинство на север, давајќи им на локалните Срби одреден степен на самоуправа.

Србија и Косово со години разговараат со посредство на Европската Унија за да ги нормализираат односите. Како што тој процес заглави, лидерите на трите најголеми земји на ЕУ се повеќе се вклучија во обидите за решавање на кризата.

Додека ЕУ претходно бегаше од политички чувствителното прашање за де факто признавање на Косово, тројцата лидери јасно ставија до знаење дека очекуваат Србија да го стори тоа, со што ќе се изврши притисок врз српскиот претседател Александар Вучиќ.

„Го повикуваме Косово да започне процедура за формирање Заедница на општини со српско мнозинство на Косово, како што е пропишано со нацрт-статутот, а Србија де факто да го признае Косово“, се вели во соопштението.

Вучиќ претходно изјави дека ниту формално, ниту неформално нема да го признае Косово.

URL

Но, и Србија и Косово се стремат еден ден да се приклучат на ЕУ, а блокот инсистираше на тоа дека двете земји ќе мора да ги решат своите разлики пред да станат членки.

„Без напредок во нормализирањето на односите, двете страни ризикуваат да пропуштат важни можности“, рекоа тројцата лидери.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Регион

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе