Манчевски: Утре ќе се знае каков полициски час ќе има за викенд

Во текот на утрешниот ден ќе има одлука на Владата каков полициски час ќе има викендов. Се вршат консултации, досега се почитуваа препораките, ние ги следиме експертските мислења. Ќе мора да одиме кон олабавување на мерките, но тоа значи почитување на другите нерестриктивни мерки. Но, тие мерки не се почитуваат, не се носат маски, не се почитува растојание. Ако сакаме да имаме намалување на мерките, мора да се почитуваат препораките.

Ова го изјави министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски на вечерашното гостувањето на ТВ 24, потенцирајќи дека олабавувањето на мерките е правопропорционално со почитување на препораките.

– Она што може да се забележи деновиве има мал пораст на бројките на светско ниво. Нашите здравствени власти ги знаат точно кластерите и немаме непознати жаришта. Дел од заразените се од литијата во Струга, како и од вечерите за Ифтар. Затоа ако сакаме да се олабават мерките ќе мора да се зголеми личната одговорност преку почитување на мерките за заштита, рече Манчевски.

Посочив дека денеска имаме 40 новозаболени, но, вели, далеку сме од деновите кога имаше над 100 заразени.

– Затоа сметам дека тоа што ќе произлезе утре од Кризниот штаб, од Комисијата за заразни болести и од владината седница ќе биде конечен став. Од една страна бараме олабавување на мерките, од друга имаме критика дека здравството не се справува добро со кризата. Јас сметам дека одлично се справуваме со пандемијата. Клучна улога имаа и медиумите кои редовно ги пренесуваат мерките. Ние како држава бевме меѓу првите со мерките, со државните карантини… МВР, конкретно министерот на телевизија кажа дека некој го тера да ги казнува граѓаните, а тој не сакал да ги казнува, изјави Манчевски.

За Манчевски, отсуството на санкции од страна на МВР кон граѓаните кои не ги почитуваат мерките создава нееднаков третман.

– Дел од заболените се од литијата, дел се од од прославата на МВР, а еве изминувааат две седмици како ништо не е преземено за настаните каде што не се почитуваат мерките, немаме информации дали Внатрешна контрола на МВР прави истрага за службениците кои беа на терен, а не презедоа ништо. И затоа граѓаните се во недоумица, односно чувствуваат дека нема еднаков третман кон сите. Сите, и институции и граѓаните, сега кога се олабавуваат мерките насекаде, да апелираме да се почитуваат мерките за заштита, истакна Манчевски.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Read more

Македонија

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Read more

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Read more

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Read more

Комисијата на ЕУ ги повика Скопје и Атина да се држат до Преспанскиот договор

Read more
 

Вести

Биткоинот поскапе на 61.710 евра, инвеститорите се претежно оптимисти за понатамошниот раст

Читај повеќе

Системот Безбеден град за видеонадзор на сообраќајниците е поставен во Скопје, Куманово и Тетово

Читај повеќе

Светската цена на златото повторно на рекордно високо ниво

Читај повеќе

Креативна работилница за средношколци за пишување поезија

Читај повеќе
  • play_arrow

Имамот бил жив еден час по падот на хеликоптерот: Се обидувал да го спаси претседателот на Иран

Читај повеќе

Велосипедист прегазен на Средно Водно

Читај повеќе

Нови цени на дизелот и бензините од полноќ

Читај повеќе

Таткото на осомничениот за убиството на Данка излегува од притвор

Читај повеќе

Не наседнувајте на лажни пораки за парична помош од државата

Читај повеќе