Манчини и Станковиќ го носеа ковчегот на Михајловиќ

Двајцата поранешни соиграчи на прерано починатиот Синиша Михајловиќ на денешниот погреб беа меѓу оние кои го носеа ковчегот со неговите посмртни останки.

Михајловиќ почина од леукемија во петокот, а денеска во Рим беше неговиот погреб. Присуствуваа многу негови пријатели од светот на фудбалот, соиграчи, но и противници.

Франческо Тоти синоќа го гледаше мундијалското финале помеѓу Аргентина и Франција, а потоа пристигна во Рим за да му одаде последен поздрав на својот поранешен лут ривал од редовите на Лацио. Интересно, но Тоти и Михајловиќ имаат и една сезона играно заедно. Имено, кога Синиша дојде во Серија А во 1992 година, прв клуб му беше Рома. Тоти тогаш беше во младинскиот погон, а наредната сезона 1993/1994 ја одиграа заедно.

Помеѓу шестмината кои го носеа ковчегот со телото на мајсторот за слободни удари, беа и двајца негови долгогодишни поранешни соиграчи: Роберто Манчини и Дејан Станковиќ.

Сегашниот селектор на Италија со Михајловиќ настапуваше и во Сампдорија и во Лацио, додека Станковиќ освен за репрезентацијата на Југославија, а потоа и на Србија и Црна Гора, на клупски план со Михајловиќ играше во Лацио и во Интер.

На погребот присуствуваше и целиот тим на Болоња, клуб кој Михајловиќ го водеше сѐ до почетокот на септември кога доби отказ поради слаби резултати.

Присуствуваа и легендарните хрватски играчи Звонимир Бобан и Роберт Просинечки, како и славниот италијански пејач Џани Моранди.

реклама

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе