ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Мароко испиша историја и го расплака Роналдо

Филип Здравески
/ 10.12.2022 / 18:17

Репрезентацијата на Мароко продолжи со одличните игри на Мундијалот во Катар каде попладнево ја елиминираше Португалија и стана првата африканска држава која стигнала до полуфинале на турнирот на ФИФА.

Дека Мароканците не случајно ја поминаа групата без пораз каде ги победија Белгија и Канада, а ремизираа со Хрватска, докажаа и денеска со победата над Португалија извојувана со една борбена и беспоштедна битка со минимални 1:0.

Стрелец на победничкиот погодок вреден полуфинале беше 25-годипниот напаѓач на Севиља, Јусеф Ен-Несири во 42. минута. Играчот сезонава нема ниту еден гол постигнато за својот тим во Ла Лига, но има 2 во Лигата на шампиони.

URL

Кристијано Роналдо повторно почна од клупата, а влезе во игра во 51. минута. Имаше една шанса, но неговиот удар кон крајот на натпреварот беше одбранет од одличниот Боно, кој се наметнува како најдобар голман на Мундијалот.

Мароко со пласманот во полуфиналето испиша историја бидејќи за прв пат африканска репрезентација успеа да стигне толку далеку. Најблиску досега беа Камерун во 1990, Сенегал во 2002 и Гана во 2010 кога беа елиминирани во четвртфиналињата.

URL

Многу веројатно дека Роналдо го одигра својот последен Мундијал, со оглед на тоа што на наредниот во 2026 година ќе има 41 година. Како еден од најголемите фудбалери во историјата, Роналдо остана без единствениот пехар кој му недостасува во колекцијата, наречен Божицата на победата на ФИФА, по што излегувајќи од теренот не можеше да ги сопре солзите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе