Марш за 8 Март: Ќе преживеат ли жените овде?

Активистките од организациите членки на Платформата за родова еднаквост го најавија традиционалниот осмомартовски марш што ќе се одржи на Меѓународниот ден за економска, политичка и општествена борба за рамноправност на жените, 8 Март.

Оваа година ќе се маршира под слоганот: „Ќе преживеат ли жените овде?“, информираат организаторите.

Маршот ќе почне во 18 часот на Плоштадот Филип II.

„Да се биде жена или девојка во оваа земја значи секојдневно да се соочуваш со ново прашање за преживување: Дали ќе го преживеам ова возење со такси? Дали ќе го преживеам овој месец? Дали ќе го преживеам браков? Дали ќе го преживеам породувањето? Дали ќе ја преживеам оваа операција? Дали ќе го преживеам насилството? Да се биде жена во Македонија значи да се будиш секое утро во страв и да се прашуваш како и дали ќе го преживееш тој ден.

Овој марш е протестен одраз на случувањата во нашата земја и колективната негрижа кон жените и девојките во секој поглед: од растечките стапки на насилство, фемицидите, секојдневни социјални и здравствени неправди и економска несигурност, до високата сиромаштија која особено ги погодува жените“, стои во повикот до јавноста за приклучување кон маршот.

Од Платформата за родова еднаквост нагласуваат дека во 2023 година, жените и девојките сѐ уште се дискриминирани во секој поглед и не остваруваат ниту еднакви права, ниту еднакви можности, ниту дома, ниту на работа, ниту во политиката, ниту во социјалниот живот.

„Во 2023 година жените се соочени со политики кои не ги препознаваат нивните потреби, со институции кои не ги заштитуваат, механизми кои се слепи кон потребите за унапредување на родовата еднаквост и култура на насилство и мизогинија која постојано се шири.

Затоа, ве повикуваме да марширате заедно со нас – бидејќи родовата нееднаквост е сечиј проблем, а единствено здружено сме посилни. Ве повикуваме заедно да кренеме глас за женските права.

Марширајте со нас, со почеток во 18 часот, дојдете на Плоштад Филип II или приклучете ни се на некоја од точките на рутата. Маршот ќе го завршиме во Паркот Жена Борец, со завршни обраќања до јавноста и институциите“, информираат од Платформа за родова еднаквост и ги охрабруваат учесниците да земат со себе реквизити со кои ќе бидат погласни: свирчиња, тенџериња и дрвени лажици, светлечки батерии, транспаренти.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Read more

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Read more

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе