Масивен сателит денеска неконтролирано паѓа на Земјата, ќе профучи близу Македонија

Сателитот на Европската вселенска агенција (ЕСА) под името ERS-2 денеска ќе падне на Земјата, а ќе прелета над нашето соседство.

ERS-2 беше лансиран од Земјата во 1995 година и се користеше за мапирање на нашата планета, а престана да работи во 2011 година. Научниците од ЕСА процениле дека ќе се сруши на Земјата во рок од 25 години, а вчера беше објавено дека тоа се очекува да се случи денеска.

За време на неговиот пад на Земјата, сателитот широк 11 метри и тежок 2,3 тони вечерва ќе прелета и над Централна Европа, а според најновите проценки на веб-страницата n2yo.com, која ги следи траекториите на сателитите над Земјата, тој во 17:56 треба да биде над Полска, во 17:54 да ја прелета Босна и Херцеговина, а во 17:52 веќе да ја одминува Грција.

Со оглед на тоа дека се работи за неконтролиран пад, точното време на неговите прелети сепак не може да се потврди и е само прогноза, имајќи предвид дека неговата траекторија малку се менува бидејќи сателитот е под влијание на атмосферското триење. На пример, синоќешните предвидувања една од можните траектории сместуваа над Србија, Македонија и Грција, а денеска истата е позападно.

Додека се пробива низ атмосферата, ќе почне да се распаѓа во спектакуларна експлозија. Доколку тоа се случи во моментот кога ќе ја прелетува соседна Албанија и е често небо, можно е да биде видлив и од некои делови на Македонија. Сателитот ќе се движи десет пати побавно од метеорите кои патуваат низ земјината атмосфера со брзина од 70 км во секунда.

Треба да се нагласи дека нема опасност од паѓање на ERS-2 на Балканскиот Полуостров. Дури и да се распадне над Балканот, тие делови ќе изгорат во атмосферата и нема да паднат на земја, а останатите ќе паднат во океанот, пренесе ЕСА.

Движењето на сателитот во живо може да се следи тука.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе