Сопственикот на SpaceX соопшти дека компанијата сега има речиси 100 активни сателити што овозможуваат интернет-услуга на Starlink во Иран, три месеци откако преку Twitter најави нивна активација поради тамоните протести.
„Се приближуваме до 100 активни Starlink сателити во Иран“, твитна Илон Маск во понеделникот.
Милијардерот во септември изјави дека ќе ги активира сателитите Starlink во Иран како дел од напорите на САД да ја „зголемат слободата на интернетот и слободниот проток на информации“ за Иранците.
Интернетот обезбеден преку сателити може да им помогне на Иранците да ги заобиколат владините ограничувања за пристап до интернет и одредени социјални медиуми.
Исламската република ја зафати бран протести што избувнаа откако 22-годишната Махса Амини, која беше уапсен од полицијата поради „несоодветна облека“, почина во полициски притвор во септември.