Маск му порача на Гејтс: Не знаеш ништо за електричните камиони

Елон Маск не можеше да го премолчи коментарот на Бил Гејтс кој смета дека електричните возила не се предвидени за долги патувања поради преголемите и претешки батерии и на Twitter му порача дека не знае ништо за електричните камиони.

Гејтс за електричните возила напиша во склоп на неговиот блог, изјавувајќи дека „подобрите и поевтини батерии ќе ги направат електричните возила пореалистична опција за секој корисник на автомобил“. Тој лично се сомнева дека моменталната и можеби идната технологија на батерии може да биде дополнително ефективна за големите возила.

Гејтс смета дека дури и големиот напредок во технологијата на батериите веројатно никогаш нема да биде практично решение за големите камиони, авиони и бродови. Електричната енергија е корисна ако патувате на мала оддалеченост, а нам всушност ни е потребно решение за тешките возила кои пренесуваат големи товари, напиша Гејтс.

Тој смета дека и алтернативните горива претставуваат подобро и еколошки поприфатливо решение за придвижување на големите возила како на пример камионите. Батериите, тврди Гејтс, се преголеми и претешки за големо растојание. На крајот, тој спомена и неколку компании кои произведуваат пикап возила, без да ја спомене Tesla, творецот на Cybertruck.

Компанијата Tesla работи на електричен камион, Tesla Semi за првпат е претставен во 2017 година, а првите камиони би требало да бидат испорачани во текот на идната година.

Ова не е прв интернет конфликт меѓу двајцата технолошки гиганти. Гејтс претходно го критикуваше Масk поради неточни изјави поврзани со COVID-19. Маск во меѓувреме изјави дека разговорите со Гејтс биле разочарувачки откако најбогатиот човек во светот наместо Tesla купи Porsche Taycan.

URL
URL
реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Живот

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе