Мбапе: Имам многу проблеми, но тренерот не е еден од нив

Килјан Мбапе постигна два гола во победата на Пари Сен Жермен против Реал Сосиедад синоќа за да му помогне на својот тим да се пласира во четвртфиналето на Лигата на шампионите.

По натпреварот тој беше прашан дали има проблеми со тренерот Луис Енрике, што тој негираше и рече дека има одличен однос со него.

„Имаме многу добри односи. Нема проблеми со него, иако луѓето мислат дека има. Имам многу проблеми, но тренерот не е еден од нив“, изјави Французинот.

Истото прашање следуваше и за тренерот на Париз, кој застана во одбрана на својот фудбалер и рече дека за него е најдобриот играч на светот во последната третина од теренот.

„Дали мислите дека Мбапе мора да докажува нешто некому на 25 години? Со кој било тренер постигнува 50 гола и има 25 асистенции, за мене тој е најдобриот играч во светот во последната третина од теренот“, рече шпанскиот стручњак и додаде:

„Очигледно е дека немаме никакви проблеми, но знаете дека сра*ето продава весници и затоа тоа го потенцирате. Вистината? Кому му е гајле за вистината? Јас немам проблем со ниту еден играч“.

Првиот човек на ПСЖ, Насер Ал Хелаифи, исто така го коментираше односот со Мбапе, кој рече дека клубот денес работи за иднината.

„Ако клубот сè уште не објавил ништо, тоа е затоа што не сакаме да објавиме ништо. Нешто се случува меѓу нас. Килјан е во клубот, работи во ПСЖ и има договор со нас, но вистината е дека денес работиме за иднината“, рече Ал Келаифи.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе