Меџити најави ригорозни мерки за пушењето во 2024 година: Нека си ја мислат пушачите како понатаму

Ригорозни мерки за пушачите во 2024 година најави денеска министерот за здравство, Фатмир Меџити. Одговарајќи на новинарско прашање кој е неговиот став за загадувањето, кое ги полни болниците и дали треба да има мерки за заштита, министерот Меџити првин рече дека тоа е надлежност на Министерството за животна средина, а потоа сподели момент од денешниот утрински колегиум, кој се однесува на засилени мерки против пушењето.

„Еве, денеска, имав колегиум со службите, го одржуваме секој понеделник наутро. Она што можам да ви најавам е дека ќе има ригорозни мерки за пушењето во 2024 година. Ќе потпишеме протокол со Светската здравствена организација. Е, сега, нека си ја мислат пушачите како понатаму“, рече министерот Меџити денес по отворањето на „Роса школа за доење“ во Клиничка болница Тетово.

И сегашниот Закон за заштита од пушењето предвидува ригорозни мерки, кои исклучуваат можност за пушење во институции, но особено во Скопје речиси и да нема институција што не мириса на чад од цигари. Кафеаните и кафулињата цела година работат во летни тераси, каде што е дозволено пушењето, а има и такви што само декларативно забранија пушење, па не ставаат пепелници на масите, но им кажуваат на гостите отпушоците да ги фрлаат на подот оти поради инспекциите, не смееле да стават пепелници.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more
 

Вести

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе