Медведев: Обединетото Кралство да ги врати Фолкландските Острови на Аргентина

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев ја коментираше изјавата на британскиот премиер Риши Сунак кој изјави дека преговорите со Русија се потполно бесмислени сѐ додека руските трупи не се повлечат од Украина.

По тој повод Медведев на својот канал на Telegram изјави дека сите британски политичари се лицемерни, а во краткото обраќање се осврна и на потеклото на самиот премиер на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

„Сите британски политричари се ретки лицемери. Еве младиот премиер со презиме некарактеристично за Велика Британија. Рече дека додека Русија не ги повлече своите трупи од територијата на Украина, нема преговори. Од сите, Англосаксонците велат дека самите Украинци ќе одлучат дали ќе преговараат со нас или не. Лажги, дволичност и невиден цинизам“, рече Медведев.

После тоа, Медведев зборуваше и за деценискиот конфликт помеѓу Аргентина и Обединетото Кралство, а попатно, без било каква врска со темата за која зборуваше, го пофали и настапот на Аргентина на Мундијалот во Катар.

„Британците подобро конечно нека ги напуштат Фолкландите и нека им ги вратат на Аргентинците. Фолкландите не се на Британија, туку на Аргентина! Репрезентацијата на Аргентина заслужено го освои Светското првенство. Продолжете со одличната работа и на теренот надвор од политиката!“, порача Медведев.

Веројатно Медведев заборави дека Аргентинците овие острови во Атлантикот ги нарекуваат Малвински Острови, па за пецкањето на Британците да биде поголемо требаше да го користи тоа име.

Фолкландските Острови се архипелаг кој се наоѓа на 480 километри од брегот на Аргентина, но се под британска контрола. На 2 април 1982 година Аргентина ги нападна Фолкландските Острови како и други британски територии во Јужниот Атлантик (Јужна Џорџија и Јужните Сендвич Острови). Аргентинците ја загубија војната предавајќи се на 14 јуни истата година. Загинаа 655 аргентински и 255 британски војници. По војната, Британците го зголемија нивното воено присуство на островите, а оттогаш Аргентина и Обединетото Кралство не се во добри острови, што дури се одрази и на спортски натпревари.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Свет

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Извршен е првиот тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе