„Мегасуша“ предизвикана од глобалното затоплување ги остави врвовите на Андите без снег

Планинскиот венец Анди, кој ги мами скијачите во Јужна Америка, оваа година бележи историски ниски врнежи од снег, објави денеска Reuters, потсетувајќи дека земјата веќе една деценија доживува голема суша која научниците ја поврзуваат со глобалното затоплување.

Врвовите на многу величествени планини помеѓу Еквадор и Аргентина беа покриени само со парчиња снег годинава или воопшто не беа под снежна покривка, откривајќи ја исушената кафеава земја.

Поради ниските врнежи од дожд и повлекувањето на мразот низ оваа област, местата каде што снабдувањето со вода зависи од планините, најверојатно ќе се соочат со недостаток, вели Рикардо Вилалба, водечки истражувач во Аргентинскиот институт за снег, глечери и студии за животна средина (IANIGLA).

„Тука сме сведоци на процес на долгорочно намалување на врнежите, односно мегасуша“, рече Вилалба.

„Кога ги гледате нивоата на врнежи за целата Кордилјера, ви покажуваат дека воопшто не паднал снег или наврнало многу малку“, додаде тој.

Зимата сега е на јужната хемисфера, кога снежните врнежи треба да бидат обилни. Скијачките центри се отворени, но претежно покриени со вештачки снег.

URL

Мразот на Андите брзо и драматично се повлекува

Сателитските снимки од јули 2020 година и оваа година јасно покажуваат намалување на снежната покривка, што се рефлектира и на нивото на водата во реките.

Мразот на Андите, чија површина остана со иста големина помеѓу 2000-2010 година или дури и се зголеми, сега брзо и драматично се повлекува, истакнува Вилалба.

Ова, рече тој, за жал се случува со сите мразни површини на Кордилјера и е тесно поврзано со глобалното затоплување што влијае на целата планета.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе