Меколи Калкин, од детска ѕвезда до зависник и модел на Gucci

Меколи Калкин е најпознат по улогата на Кевин Мекалситер од божиќните филмови „Home Alone“. Прогласен е за најуспешен детски актер, а во текот на врвот на кариерата во 90-тите години беше и најплатена ѕвезда во светот.

Со глума почнал на 4 години, а се има појавено во филмовите  „My Girl“ (1991), „The Good Son“ (1993), „The Nutcracker“ (1993), „Getting Even with Dad“ (1994), „The Pagemaster“ (1994) и „Richie Rich“ (1994). На 14-годишна возраст се повлече од Холивуд за да посетува средно училиште.

Во 2004 година беше уапсен поради поседување марихуана и две контролирани супстанци без рецепт. Обвинет е за илегално поседување супстанци, а на суд ја призна вината. Беше ослободен со кауција од 4.000 долари.

Неговите пријатели и фанови долго време стравуваа за неговиот живот поради проблеми со зависноста, но пред неколку години изјави дека долго време е чист и сака да го промени животот.

На 18-годишна возраст актерот беше оженет со Ракел Мајнер, но нивниот брак траеше 4 години. Потоа 8 години беше во врска со актерката Мила Кунис.

Од 2017 година е во врска со Бренда Сонг, а во април годинава станаа родители. Го добија синот Дакота, кој името го доби по починатата сестра на Калкин.

Во последните години Калкин истражуваше различни деловни потфати, се обиде и повторно во глумата. Се занимава и со музика, а води и успешен подкаст.

Неодамна се појави на модната ревија на Gucci во Лос Анџелес, со свеж изглед. Според коментарите, на обожавателите им е драго што 41-годишниот актер се врати на вистинскиот пат.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе