Веста дека Мел Гибсон ќе глуми во претстојната мини серија за Џон Вик ги разочара обожавателите.
Според Deadline, актерот ќе се појави во продолжението The Continental, кој се занимава со скриени работи околу хотелот – засолниште за убијци.
Гибсон ќе толкува нов лик по име Кормак, но не се објавени дополнителни детали за новата улога, како и за датумот на објавувањето на серијата.
Обожавателите не се среќни поради ангажирањето на актерот кој на интернет често беше цел на критики поради расистички, антисемитски и хмофобични изјави во минатотот.
Во јули годинава на интернет имаше снимка на која Гибсон го поздрави Доналд Трамп со нацистички поздрав.
Обожавателите не се баш одушевени од веста дека Гибсон ќе биде дел од серијата.