Мерилин Менсон е чудовиште, ме бркаше со секира, тврди актерка од „Game of Thrones“

Есме Бјанко, која ја играше улогата на Рос во популарната ТВ-серија „Game of Thrones“, го обвини Мерилин Менсон за злоупотреба. Таа се придружи на уште една негова поранешна партнерка, актерката Еван Рејчел Вуд, и уште четири жени кои упатија обвинувања против музичарот.

Бјанко го опиша Менсон како „чудовиште што за малку ќе ме уништеше“.

Во интервју за њујоршкиот магазин The Cut, таа даде детали за турбулентната врска со Менсон. Иако дотогаш го познавала неколку години, тие ја започнале нивната врска во 2009 година, на снимањето на спотот за неговата песна „"I Want to Kill You Like They Do in Movies“.

Актерката вели дека насилството на Менсон против неа започнало за време на снимањето на видеото, кога тој ѝ рекол: „Ќе мораш да се правиш дека сакаш да те малтретирам“.

Бјанко (38) се потсетува дека границите помеѓу глумата и реалноста станале замаглени, а Менсон ѝ давал кокаин, ја врзувал со кабли, ја камшикувал и користел болна електрична играчка за секс на раните што ги добила од врзувањето, пренесува порталот Headliner.

Во тоа време имала 26 години и се уверила дека и покрај насилството, создала емотивна врска со Менсон, тврди таа. Спотот за споменатата песна никогаш не беше прикажан, а Менсон ѝ дал неколку изговори на актерката зошто не бил објавен.

Двајцата дури и почнале да живеат заедно. Наводната злоупотреба продолжила во неговиот дом во Западен Холивуд, додека Бјанко се потсетува дека Менсон ја гризел без нејзина согласност за време на сексот, па дури и дека во еден момент ја расекол со нож.

„Се чувствував како роб. Доаѓав и си заминувава кога тој сакаше. Тој имаше целосна контрола со кого разговарав. Се сеќавам дека му се јавував на семејството на телефон криејќи се во плакарот“, рече таа.

После неколку месеци заеднички живот, Менсон наводно ја бркал околу куќата со секира, по што побегнала и ги прекинала сите контакти со него.

Музичарката Фиби Бриџис излезе со тврдење дека Мерилин Менсон има соба во неговиот дом што ја нарекува „соба за силување“.

Менсон беше обвинет од неколку жени за сексуално, физичко, емоционално и финансиско малтретирање, откако неговата поранешна свршеница Еван Рејчел Вуд излезе во јавноста и го именуваше музичарот како човекот кој со години ја злоставувал.

Менсон ги негира сите обвинувања за злоупотреба.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе