Меркел ја одби поканата на Трамп во живо да присуствува на Г7 самитот

Германската канцеларка Ангела Меркел не ја прифати поканата на американскиот претседател Доналд Трамп во живо да присуствува на самитот на Г7 кој ќе се одржи во Вашингтон кон крајот на јуни поради пандемијата на коронавирусот.

Одбивањето на Меркел да присуствува на самитот ги поткопува обидите на Трамп овој настан да го претстави како показател за нормализација на ситуацијата во врска со пандемијата и е уште едно несогласување во затегнатите односи меѓу двајцата лидери, коментира Politico.

– Федералната канцеларка му се заблагодарува на претседателот Трамп на неговата покана за самитот на Г7 кон крајот на јуни во Вашингтон. Земајќи ја предвид севкупната ситуација во врска со пандемијата во овој момент, таа не може да се согласи да земе учество и да отпатува во Вашингтон, изјави портпаролот на германската Влада, Штефен Зајберт за порталот Politico.

– Таа се разбира ќе продолжи да го следи развојот на пандемијата, додаде Зајберт.

Трамп повеќе пати ја критикуваше Германија и посебно канцеларката, во врска со различни прашања, од трговскиот суфицит на Берлин до трошоците за одбрана и посветеноста на НАТО. Меркел јавно го доведе во прашање едностраниот пристап на администрацијата на Трамп во однос на повеќе прашања во врска со надворешната политика, од климатските промени до Иранската нуклеарна програма.

Трамп поради коронавирусот го откажа самитот кој требаше да се одржи во март и најави одржување видео-конференција. Сепак, во твит објавен на 20 мај рече дека самитот би можел да се одржи и дека тоа би бил одличен показател за нормализација на ситуацијата во врска со пандемијата.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Свет

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Read more

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Read more

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Read more

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе