Меркел разговарала со Борисов, очекува решение во блиска иднина

Германската канцеларка Ангела Меркел вчера во Бундестагот одговараше на прашања на претседателот на Комисијата за европски прашања, Гинтер Крихбаум, кој е од редовите на нејзината партија ЦДУ, а кој упати критики за неуспехот на германското претседателство со ЕУ да ги започне преговорите со Северна Македонија, јави Дојче веле.

Тој рече дека  јавноста уште еднаш била сведок на злоупотребата на правата на земјите-членки на ЕУ, кон земјите кандидати, за да ги промовираат своите билатерални прашања.

-Не успеавме секаде да постигнеме пробив, на пример за почеток на преговорите со Северна Македонија. Тоа е штета и уште еднаш доживеавме една злоупотреба на позицијата на една земја- членка против една земја-кандидат со наметнување на билатерални барања. И, мора јасно да се каже, со вршење притисок. Како ги оценувате шансите во блиска иднина да се надмине блокадата на Бугарија, запраша Крихбаум.

Меркел на тоа одговори дека е во контакт со бугарскиот премиер Бојко Борисов.

-Уште еднаш разговарав со бугарскиот премиер Бојко Борисов и се надевам дека овие прашања ќе се надминат во блиска иднина, рече германската канцеларка.

Германската амбасадорка во земјава Анке Холштајн вчера во интервју за Дојче веле најави дека темата за проширувањето и дефинитивно веќе се сели во рацете на следното португалско претседателство со ЕУ, а потоа и на словенечкото.

-Проширувањето е во добри раце со следното португалско и потоа словенечко претседателство. Ние со нив формиравме Тројно-претседателство за период од 18 месеци – ги усогласивме нашите програми, многу тесно соработуваме, и нашите португалски пријатели кои сега ќе преземат се многу свесни дека одржувањето на првата Меѓувладина конференција со Северна Македонија и, доколку се исполнат условите и со Албанија, е приоритет, рече Холштајн.

Холштајн честиташе на македонската Влада на однесувањето во последните месеци, и беше критична кон ЕУ поради неисполнетото ветување кон Скопје. – Да кажам отворено: ЕУ вети нешто и, во моментов, не успеа да си го одржи ветувањето. Нема сомнеж во тоа. Ние многу се трудевме, но не успеавме да го исполниме ветувањето кое беше дадено во март, рече Холштајн.

Холштајн даде и појаснување за вчерашните заклучоци на КОРЕПЕР, односно за членот 8 од заклучоците што ја содржи следната формулација: „Советот потсетува на Преспанскиот договор помеѓу Република Северна Македонија и Грција и Договорот за Пријателство, добрососедство и соработка помеѓу Република Северна Македонија и Бугарија и ја нагласува важноста на нивната постојана имплементација. Овие два крупни чекори би требало да им стават ефективен крај на сите барања засновани на погрешното толкување на историјата“.

-Оваа реченица во врска со имплементацијата на договорите со Бугарија и Грција е идентична со онаа која веќе беше наведена во заклучоците на Советот за проширувањето во 2018. Формулацијата не е нова и веќе беше во употреба од 2018 година. Таа е еднакво валидна за Бугарија, Грција и Северна Македонија. Оттука, таа може да биде основа за продолжување на заедничката работа. За нас како претседавачи беше важно да ги усвоиме овие заклучоци за да покажеме дека сите земји-членки се посветени на проширувањето, вели германската амбасадорка. 

реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Регион

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

Српската полиција критикувана за случајот Данка: Ова е сериозен скандал

Read more

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Read more
 

Вести

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Читај повеќе

ДИК ги усвои приговорите за 7 избирачки места

Читај повеќе

Зошто Германија станува сè порадикализирана?

Читај повеќе

ВРЕДИ: Од 7 отворени гласачки кутии, во 4 се откриени неправилности, ДУИ ќе одговара за злоупотребите и кршењето на законите

Читај повеќе

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Читај повеќе

Израелски тенкови влегоа во Рафа, стигнаа до станбени области

Читај повеќе

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Читај повеќе