Штета од неколку милијарди евра

Меркел шокирана: Нема зборови со кои може да се опише ова уништување

Кајгана/МИА
/ 19.07.2021 / 10:26

Досега во Германија загинаа 157 лица во поплавите предизвикани од невремето кое ја зафати земјата, но се стравува дека бројот ќе биде уште поголем.

Државата се соочува со најголема природна катастрофа во последните 60 години.

Во околината на Келн, во западниот дел на Германија, надојдената вода однесе над стотина животи. Полицијата очекува да пронајде уште жртви штом ќе се повлече водата. Војската ги ангажирала сите ресурси за расчистување на теренот.

Сојузната и покраинските влади ја проценуваат штетата на неколку милијарди евра, а веќе е одредена итна помош од 300 милиони евра за санирање на штетите во покраините Рајна-Фалц, Северна Рајна Вестфалија и Баварија.

– Ова е ужасно. Германскиот јазик нема зборови со кои може да го опише ова уништување. Но, охрабрувачки е како луѓето се држат заедно, како си помагаат едни на други. Ние сме со вас. Обновувањето ќе биде долго, но ние ќе сториме се за оваа убава област да биде иста како порано, изјави канцеларката Ангела Меркел.

Сончевото време овозможи почеток на обновата на целиот регион долж границата со Белгија, Холандија и Луксембург.

Remote video URL

Водостојот на реките во деловите погодени од поплавите полека се повлекува, но сливот на трите најголеми реки – Рајна, Дунав и Елба, сè уште е висок.

Најмалку 157 лица загинаа, додека неколку стотици се водат како исчезнати. Бројот од 1.300 исчезнати драстично се намали, бидејќи во меѓувреме околу 700 лица се јавија дека се безбедни или се евакуирани од поплавените подрачја.

Критично е и во австриските покраини кои граничат со Германија: Салцбург и Тирол. Поројни дождови го погодија и југот на Италија, каде улици се претворија во реки. Во холандската провинција Лимбург бил пробиен насип. Армијата е ангажирана и во Белгија за спасување и евакуација во четири провинции.

Remote video URL
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Свет

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Read more

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе