Меси стана третиот што постигнал 100 гола за репрезентација

Филип Здравески
/ 29.03.2023 / 09:28

Лионел Меси постигна хет-трик во победата од 7:0 на Аргтентина ноќеска во пријателска против Курасао со што дојде до бројката од 102 гола во дресот со националните бои.

Аргентина одигра приајтелска со карипската репрезентација на Курасао како дел од прославата на мундијалската титула со навивачите од внатрешноста, поточно во градот Сантјаго дел Естеро, и во вистинско шоу триумфираше со високи 7:0.

Откако островјаните оддолеваа во првите дваесетина минути, „Албиселесте“ потоа одиграа фуриозно полувреме постигнувајќи 5 гола до паузата. Почна Меси во 20. минута, па следуваа голови на Николас Гонсалес (23.), Меси (33.), Енцо Фернандес (35.) и Меси (37.), што значи дека капитенот хет-трикот го постигна за 17 минути.

По паузата публиката очекуваше да види и десетка во мрежата на Курасао, но само Анхел Ди Мариа од пенал (78.) и Гонсало Монтиел (87.) успеаја да погодат.

Пред овој натпревар Меси имаше 99 гола во националниот дрес, а со денешниот хет-трик стигна до бројката од 102 гола и стана само третиот фудбалер во историјата кој стигнал до границата од 100 гола играјќи за репрезентација.

Сега пред него се пензионираниот Иранец Али Даји кој има 109 и кој се очекува наскоро да биде престигнат, додека убедливо прв е Кристијано Роналдо со 122 гола, но 38-годишниот Португалец сѐ уште игра за репрезентацијата и ги тресе противничките мрежи. Само месецов постигна 4 гола, по два во неделата кај Луксембург и претходно во четвртокот против Лихтенштајн.

Своите 102 гола Меси ги има постигнато против 37 различни репрезентации, а најомилена мрежа му е боливиската - на Боливија ѝ дал 8 гола.

реклама

Фудбал

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе