Меси за Левандовски: Намерно го дриблав

Лионел Меси призна дека му бил лут на Роберт Левандовски на натпреварот помеѓу Аргентина и Полска на Светското првенство во Катар и дека поради тоа често барал директен дуел со него на теренот.

Аргентина на тој натпревар ја победи Полска со 2:0 и се пласираше на првото место во групата Ц во осминафиналето на Светското првенство, кое на крајот го освоија. Меси и Левандовски имаа неколку судири на таа средба.

За паметење е реакцијата на Меси откако полскиот напаѓач го запре со прекршок. Левандовски веднаш се извини, но Меси одби да се ракува со него како прифаќање на извинувањето. Во интервју за ESPN, тој откри што се случило тој ден.

Во позадина на сè е изјавата на Меси за Левандовски од доделувањето на Златната топка во 2021 година. Наградата не беше доделена претходната година поради коронавирусот, а општиот впечаток беше дека ја заслужи Полјакот кој на 29 натпревари за Баерн таа сезона постигна 41 гол и асистираше уште седум.

Меси: Бев искрен

Една година подоцна Меси повторно ја освои, а во својот говор кажа колку му се восхитува на постигнувањето на Левандовски и истакна дека сите мислат дека Полјакот го заслужил тоа за претходната година. Меѓутоа, кога беше избрана наградата The Best, Меси не гласаше за Левандовски.

Полјакот му замери за тоа и рече дека „би сакал зборовите на Меси да биле искрени, а не шупливи“. Оттука и споровите на теренот за време на Светското првенство во Катар.

„Неговите зборови ме вознемируваа затоа што искрено го кажав тоа што го чувствувам. Ме повреди и бев лут. Затоа го игнорирав и продолжив да го дриблам намерно. Тој не требаше да го каже тоа", објасни Меси, додавајќи дека оттогаш расчистиле сè и ги подобриле односите.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе