Метју Пери ќе ги тргне коментарите за Кијану Ривс од книгата со мемоари

Ѕвездата на Friends, Метју Пери се појави на Фестивалот на книги на LA Times во саботата и за време на панелот ѝ кажа на публиката дека планира да го отстрани името на Ривс од идните изданија на неговите мемоари од 2022 година насловени „Friends, Lovers, and the Big Terrible Thing“.

Мемоарите се искрен приказ за борбата на Пери со злоупотреба на супстанции и зависност, но актерот се соочи со бурни реакции минатата есен поради спомнувањето на  Ривс во книгата, при што некои сметаа дека напишаното е навредливо, вклучувајќи го делот за смртта на неговиот пријател Ривер Феникс во 1993 година.

„Ривер беше убав човек, одвнатре и однадвор – премногу убав за овој свет, се покажа. Се чини дека секогаш паѓаат навистина талентираните момци“, напиша Пери. „Зошто оригиналните мислители како Ривер Феникс и Хит Леџер умираат, но Кијану Ривс сè уште оди меѓу нас?“, стои во оригиналното издание на книгата.

Пери претходно се извини за коментарот, велејќи во изјава за People во октомври 2022 година дека е „голем обожавател“ на Ривс и декаа избрал „случајно име“.

„Се извинувам. Требаше да го наведам своето име“, додаде тој во изјавата.

Во саботата, Пери уште еднаш се огласи по ова прашање, истакнувајќи дека „секоја идна верзија на книгата нема да го содржи името на Кијану Ривс“.

Пери претходно му се извини на Ривс, но во саботата рече дека допрва треба лично да му се извини на популарниот и обожаван актер.

„Ако налетам на човекот, ќе му се извинам. Едноставно се изглупирав“, заклучи Пери.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Филм & ТВ

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Read more

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Netflix ги изнервира фановите на Emily in Paris

Читај повеќе
  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе