Мицкоски: Ова е голем срам за демократијата, ќе чекаме до полноќ Реџепи да се појави

Се отвораат многу шпекулации за непојавувањето на пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи во Парламентот и ниту претседателот, ниту премиерот немаат став околу тоа каде се наоѓа, изјави попладнево претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христјан Мицкоски пред Собранието по прекинувањето на собраниската седница за гласање доверба на Владата.

– Ќе чекаме до полноќ да се појави пратеникот. Треба најпрво да видиме дали е жив, здрав, прав, да видиме каде се наоѓа човекот. Освен на јазик различен од македонскиот и албанскиот, порака на социјалните медиуми друго не знаеме, физички што се случува со човекот, дали е некаде мимо своја волја или е доброволно таму. Да ги видиме тие вредности што ги споделува, затоа што пратеници тукутака не исчезнуваат во тие заедници коишто тој ги наведе на својот Facebook статус, како што се САД и ЕУ. Претседателот на државата којшто е најодговорен во вакви ситуации заедно со претседателот на Владата немаат досега јасен став околу тоа каде се наоѓа пратеникот, бидејќи пратеник во македонското Собрание нема, истакна Мицкоски.

Лидерот на опозицијата рече дека тие „не знаат дали Реџепи е киднапиран или доброволно се движи и избегал“.

– Не разбирам ако е доброволно, не беше денеска тука појавен. Ќе си се гласаше. Ако беше против да падне оваа влада ќе си гласаше против, иницијативата ќе завршеше 60:60 и ќе го спасевме народот и јавноста од ваков срам. Вака се отвора простор за многу шпекулации, многу изјави од различни извори – дали се потврдени или непотврдени, дали се точни или неточни. Но, она што е јасно е дека власта се препелка во живата кал. Ако мисли дека ова е некаков политички триумф, не напротив. Мислам дека ова е голем срам за демократијата, голем срам за вредностите коишто се наведени во тој статус, нагласи Мицкоски.

Тој рече дека уште вчера се шпекулирало дека ова ќе се случи и дека ако се потврди дека се тргувало со пратеници „во државава веќе не вреди да се занимава човек со политика“.

– Да видиме што се случува со човекот. Ако не се појави, треба да даде одговор МВР. Јас како што знам, Билал Касами даде една изјава, рече дека пријавил, така што да видиме што ќе се случи, додаде лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски упати извинување до граѓаните во негово име и во име на ВМРО-ДПМНЕ за, како што рече што мора да бидат сведоци на една ваква би рекол циркуска претстава која што денеска се одвива тука во Собранието. 

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Македонија

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Читај повеќе

Касами слави во Тетово: Од утре почнуваат преговори за нова влада помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ВЛЕН

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Читај повеќе
  • play_arrow

Силјановска: Ќе бидам претседателка на сите граѓани, не е време за поделби и триумфализам

Читај повеќе

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Читај повеќе
  • play_arrow

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Читај повеќе

Меџити: Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник

Читај повеќе

На 51% пребројани гласови Силјановска води 136 илјади пред Пендаровски

Читај повеќе
  • play_arrow

Левица обвини за нерегуларности кои сериозно го нарушуваат демократскиот процес

Читај повеќе