Мијалков и „Алфите“ ослободени од обвинението за „Тортура“

Поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и шест припадници на поранешната единица „Алфа“, обвинети во предметот „Тортура“ кој се однесува на начинот на кој беше уапсен лидерот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски, денеска се ослободени од обвинение.

Судечкиот совет предводен од судијката Александра Ристовска ги ослободи од обвинение Сашо Мијалков, Ивица Анчевски, Петар Милошевски, Новица Станковски, Филип Атанасов, Јован Боцевски и Метуш Шабани со образложение дека Јавното обвинителството не докажало надвор од разумно сомневање дека обвинетите го сториле делото за кое се обвинуваат.

Случајот за апсењето на Љубе Бошкоски, беше вратен во фаза на дополнение на доказна постапка, откако судијката Александра Ристовска, која го води судењето за предметот „Тортура” на 17 јуни оваа година, не ја објави најавената пресудата за овој случај.

Во доказната постапка Обвинителството тврдеше дека при апсењето на Бошкоски имало мачење и дека тоа било „реваншизам“.

Тој не давал отпор, а била употребена полициска сила, бил легнат на земја во близина на полски тоалет кај ресторанот „Воденица“ во Скопје, бил враќан за да го снимаат телевизиските камери со цел јавно да го омаловажат, а сето тоа предизвикало психичко страдање. 

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Македонија

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Read more

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Read more

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Read more
 

Вести

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе

Израелците со тенк убија 5 свои војници во Газа

Читај повеќе

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Читај повеќе

Ахмети најнеомилен, а Димитриевски ги надмина Мицкоски и Ковачевски по популарност, според последните анкети

Читај повеќе

Мицкоски: Во моментот ВМРО-ДПМНЕ има консолидирано точно 61 пратеник

Читај повеќе

Ѓорѓиевски и Ганиу испија кафе во Чаршијата: Обајцата очекуваат вистински партнер во новата влада

Читај повеќе

Силјановска со поглаварите и претставниците на верските заедници: Изразена подготвеност за соработка

Читај повеќе

Македонски Телеком со најголеми просечни брзини и најдобри резултати за вкупните перформанси на мрежата

Читај повеќе

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе