Михајловиќ ќе биде погребан во Рим

Српскиот фудбалер и тренер Синиша Михајловиќ, кој почина вчера на 54-годишна возраст по долго и тешко боледување, ќе биде погребан в понеделник во Рим, објави неговото семејство.

На Михајловиќ во јули, 2019 година му беше дијагностицирана леукемија додека беше тренер на Болоња. Извесен период потоа неговата здравствена состојба значително се подобри и тој повторно седна на клупата на Болоња, но, болеста, за жал, повторно се врати и легендарниот српски тренер ја изгуби најголемата битка во животот.

Сочувство до семејството на Михајловиќ упатија голем број европски и светски фудбалери и тренери.

Роден во Вуковар, Михајловиќ кариерата ја почна во Борово, по што настапуваше за Војводина, Црвена звезда, Рома, Сампдорија, Лацио и Интер.

Со Црвена звезда ја освои титулата европски првак во 1990 година како дел од генерацијата на Дарко Панчев и на Илија Најдоски. Шампион на Италија беше со Лацио и со Интер. Со Лацио триумфираше во Купот на УЕФА и Суперкупот.

За репрезентацијата на Југославија одигра 63 натпревари и постигна десет голови.

Михајловиќ ќе остане запаметен како еден од најдобрите изведувачи на слободни удари. Заедно со Џузепе Сињори се единствените играчи во историјата на Серија А кои постигнале три гола на еден натпревар од слободни удари.

Синиша Михајловиќ го држи и рекордот, заедно со Андреа Пирло, според бројот на постигнати голови во Серија А од слободни удари (28).

Српскиот фудбалер во 2019 година беше прогласен за почесен граѓанин на Болоња.

Како тренер во два наврати ја предводеше Болоња, а седеше и на клупите на Катанија, Фиорентина, Сампдорија, Милан и Торино, како и на репрезентацијата на Србија. 

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Фудбал

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Read more

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе