Миланов: Исказот на Нинџа е дискредитиран и не може да биде основа за осудителна пресуда

Адвокатот на одбраната во случајот „27 април“ Еленко Миланов смета дека исказот на единствениот сведок на Обвинтелството, Александар Василевски – Нинџа е дискредитиран и не може само врз основа на него да се донесе осудителна пресуда.

– Од она што јас досега го видов во оваа постапка, мислам дека единствениот доказ на Обвинителството, Александар Василевски Нинџа е деградиран до крајни можни граници и сметам дека не може да биде основа за една осудителна пресуда само со тој исказ, изјави Миланов во пауза на денешното рочиште.

Во изјава за медиумите, Миланов оцени дека процесот досега регуларно се одвива и оти сведоците на денешното рочиште покажале што реално се случило на 27 април 2017 година во Собранието.

Читајте следно: Чавков на судењето за 27 април: Првпат видов како изгледа Нинџа во оваа судница

– Митко Чавков беше јасен и дециден дека никогаш ниту имал комуникациија ниту се познава, а за лицето Александар Василевски Нинџа знае само од полициските извештаи околу неговите криминални дејствија. Тој ја објасни постапката и постапувањето на полицијата на тој ден и дека без отворање на вратите, ништо немаше да се случи во Собранието што според неговото тврдење, а верувам и општо познато е дека тоа било изненадување и за самите полициски службеници кои биле на лице место, рече Миланов.

Полициските сили кои биле поставени на 27 април, рече Миланов, без отворање на вратите, би можеле да спречат било каков поголем инцидент. 

реклама

Хроника

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Read more

Жена физички нападната од возачот на автобус на ЈСП

Read more

Во хотелска соба во Охрид пронајдена почината жена од Аргентина

Read more

Две девојки повредени откако со возилото излетале од патот Скопје – Тетово

Read more
 

Вести

Почина мајката на осомничениот убиец на малата Данка

Читај повеќе

Запленети 4,8 килограми злато при влез на автобус на ГП Богородица

Читај повеќе

Левица: Изборниот систем сите нè краде, скратени сме за најмалку два мандата

Читај повеќе

Обвинителството анализира докази за Палчо кои не може да бидат споделени со јавноста

Читај повеќе

По атентатот на Фицо: Закани до Вучиќ дека тој ќе биде следната мета

Читај повеќе

Зајкова: Забрзана ЕУ-интеграција е клучот за иднината на Македонија

Читај повеќе

Мицотакис: Нема да ги ратификуваме меморандумите од договорот од Преспа

Читај повеќе

Си го пречека Путин: Претседателе, мој стар пријателе, добредојде

Читај повеќе

Ворен Бафет конечно откри во што инвестирал милијарди долари

Читај повеќе