Милевски: Ќе има промени во составот, реализацијата мора да се подобри
Селекторот на македонската репрезентација, Благоја Милевски, ги сподели своите очекувања на денешната прес-конференција во пресрет на утрешниот контролен натпревар со Црна Гора во Анталија.
„Нѐ очекува исклучително квалитетен противник, со исклучително квалитетни фудбалери кои настапуваат во силни европски тимови. Мораме да го подигнеме нашето ниво, посебно во завршната фаза на реализација. Ќе има промени во составот. Тоа е целта на овие натпревари. Да ги видиме фудбалерите и нивниот квалитет и потенцијал“.
Македонија и Црна Гора играат в понеделник од 18 часот со директен пренос на МРТ 3 и снимка на Arena Premium 3 вечерта од 23:30.