На три дена до дуелот со Италија македонскиот селектор повика нов играч во репрезентацијата.
Станува збор за искусен 29-годишен играч од средниот ред која е дебитант во репорезентацијата,. Моментално настапува за романскиот прволигаш Шепши, а претходно има играно за азербејџанскиот Габала, Шибеник во Хрватска, како и италијанските Имолезе, Римини, Виченца, Форли, Мачератезе и Лумецане, во сите како позајмен од Аталанта и Киево, калчолигаши за кои никогаш не настапи. Претходно настапуваше и за хрватскиот Новиград и домашниот Охрид. Родум од село Делогожди, Струшко, кариерата како младинец ја почна во струшки Влазними. Со младинскиот тим на Киево стана шампион на Италија.
Како младински фудбалер има настапувано за македонските У17 и У19 репрезентации, а има и 6 натпревари за У21 репрезентацијата на Албанија, но само на пријателски натпревари бидејќи поради проблеми со докуметацијата Албанската федерација не можеше да го регистрира во ФИФА.
„Алими бележи одлични игри во романското првенство со Шепши. Неговото искуство и формата во која се наоѓа може само да ја зголеми конкуренцијата во нашиот тим и да ни донесе дополнителен квалитет“, изјави селекторот Благоја Милевски.
Може да игра и во дефанзивната средина, што фрла сомнеж дека е повикан како замена за Аријан Адеми, кој има повреда на листот, а и замина во Загреб да го заврши враќањето во Динамо.
Исник Алими денеска во 18:30 часот ќе го има првиот тренинг со репрезентацијата на Македонија.