Милевски: Во Анталија ќе тестираме нови варијанти, шанса ќе добијат сите

Филип Здравески
/ 21.03.2024 / 15:53

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, заедно со капитенот Енис Барди попладнево одржаа прес-конференција по повод утрешниот пријателски натпревар против Молдавија на неутрален терен во турскиот медитерански град Анталија.

Милевски е задоволен подготовките кои течат од понеделникот, кога беше собирот, но не е задоволен од тоа што одредени играчи имаат слаба минутажа во своите клубови.

„Секако дека можам да изразам задоволство од тоа што го видов овие три дена. За жал, Исник Алими, Ердон Даци и Стефан Ашковски нема да бидат дел од тимот на овие два натпревара. Останатите се подготвени да се стават во функција на тимот. За жал, имаме играчи кои воопшто немаат минутажа, но навиканите сме на тоа“, рече Милевски.

Ашковски беше во Анталија и за него денеска дојде веста дека не може да игра. Алими и Даци отпаднаа уште претходно, а Милевски иако имаше време одлучи да не вика замена за нив. Во тимот има само едно ново име во напаѓачот Лирим Ќамили од Данска, но деби настап чека и Давор Здравковски кој претходно двапати беше во состав, но остануваше на клупата за резерви.

„Најважно ми е да се здрави и физички подготвени, останатото што го покажуваат на собир, момците без разлика на натпреварувачката форма, секогаш го даваат максимумот за Македонија. И овојпат не е ништо различно, сите се подготвени да одговорат на тоа што се бара од нив. Ќе ги искористиме максимално овие дуели и тие во јуни за да пробаме нови тактички варијанти. Ќе ги пробаме некои играчи на нови позиции и ќе видиме како тоа ќе изгледа. Ќе ги искористиме натпреварите со Молдавија и Црна Гора да ги испробаме силите. Ќе дадеме минутажа на сите играчи, а ќе тестираме и нови варијанти“, додаде селекторот.

Барди: Даваме максимум на секој дуел што го играме за Македонија

За Милевски, кој е на клупата од август 2021 година, ова ќе биде 29-ти натпревар. Има скор од 10 победи, 7 нерешени и 11 порази.

Со Молдавија досега имаме одиграно 3 натпревари, но последен пат во 2009 година. Интересно, сите три натпревари завршија нерешено: 0:0, 1:1 и 2:2. Две беа квалификациски за Мундијалот 2002, а последната пријателска во истиот град - Анталија.

Натпреварот Молдавија - Македонија се игра в петок со почеток во 15:30 часот по македонско време (17:30 по локално). Директен пренос ќе има на МРТ3, како и на Arena Premium 2.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе