Милошоски: Да не губиме време, СДСМ нека кажат кој од двата предлога го прифаќаат

Социјалдемократскиот сојуз треба да каже кои од двата предлога на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив, во спротивно нема потреба од понатамошни преговори и губење на време. Ова го истакна пратеникот, Антонијо Милошоски, коментирајќи ја најавата за формирање на работни групи во СДСМ за преговорите со опозицијата за уставните измени.

Милошоски ги повтори предлозите, што неделава на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски, ги даде претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во таа прилика, Мицкоски како услови за прифаќање на уставните измни повика на формирање на преодна влада без ДУИ, односно излегување на ДУИ од сите ешалони, како и уставни измени кои би стапиле на сила само на денот на членството на Македонија во ЕУ.

Милошоски образложи дека на тој начин би добиле како држава гаранција дека и Бугарија ќе биде активно заинтересирана за наше вклучување во ЕУ, и дека Македонија ќе добие одредена извесност дека нема да има понатамошни бугарски ирационални блокади.

Еден од предлозите на ВМРО-ДПМНЕ е и предвремени избори оваа есен, при што дадени се три датуми за кои што СДСМ би требало да размислат кога би се одржале во септември или октомври, потоа да се обезбедат гаранции од европските институции за заштита на националните интереси на Македонија, со тоа што ќе се гарантира многувековниот идентитет, но истовремено ќе се дадат и осигурувања дека државата повторно нема да ги има секоја година ирационалните блокади од Бугарија.

Дополнително, како што објасни Милошоски, по изборите новиот премиер на Македонија ќе побара и економски пакет за подобар стандард во државата од страна на Европската комисија, кој што ќе значи припрема и на стопанството и на граѓаните за конкурентност во самата ЕУ. Од Бугарија заради добрососедство би побарале исполнување на 3 пресуди од ЕСЧП во Стразбур кои што се веќе правосилни, по избор на официјална Софија.

„И двата предлога, и првиот и вториот, напоменуваме, опфаќаат детронизирање на ДУИ, бидејќи тие се 20-годишен вирус кој ги атрофира институциите со висока корупција и голема неефикасност. ДУИ не е повеќе во позиција да условува, тоа е став на ВМРО-ДПМНЕ, дека ДУИ треба да оди во опозиција и дека тоа ќе биде корисно за институциите и за довербата на граѓаните во државата. Високата корупција мора да се соочи со одговорност, а во рамките на ДУИ истата постои на големо“, рече Милошоски.

Формирање на работни групи, заклучи тој, би имало смисла само доколку СДС јасно каже, кој од овие два предлога на ВМРО-ДПМНЕ за нив е прифатлив.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Read more

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Read more

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more
 

Вести

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе

Променливо облачно и нестабилно со пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Силјановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе